логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Игнатиј Брјанчањинов,
епископ Ставрополски

 
Плотски луѓе, приврзани со сета своја душа кон земниот живот, запознати со Законот Божји само површно, само врз основа на слушнатото од други, луѓе коишто му се туѓи на Законот Божји по духот, по срцето, по делата, по животот – со еден збор, фарисеи, го прашале Господа: „Кога ќе дојде Царството Божјо?“ (Лука 17:20). Прашањето, се разбира, не е поставено со искреност во срцето и со добра намера: поставено е лекомислено, од љубопитност да се дознае одговорот. Неискрените и злобни фарисеи се надевале дека одговорот ќе им даде повод да го обвинат Господа. Создавајќи си претстава за Месијата како великолепен цар и силен освојувач, а гледајќи го пред себе како скитник Кој нема каде да ја приклони главата, фарисеите поставиле прашање зад кое бил прикриен нивниот потсмев, и во него го изразиле своето плотско мудрување, туѓо и непријателско на разумот Божји. Господ им дал одговор кој соодветствува, без исклучок, на секој плотски човек приврзан кон светот, човек кој води гревовен живот среде постојаните животни грижи и матријални наслади. Богочовекот им одговорил на фарисеите: „Царството Божјо нема да дојде забележливо (т.е., нема да дојде на начин забележлив за сетилните очи), ниту ќе кажат: Еве овде е, или: Ене, онде е, зашто Царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17:20-21). Тоа значи: треба да се напушти плотскиот и гревовен живот, потоа со помош на покајание и живеење според евангелските заповеди да се очисти и украси душевниот храм; по ова, Светиот Дух ќе го осени, ќе изврши конечно очистување и „урбанизирање“ на тој храм. Во така подготвениот храм се симнува Бог и го воспоставува во него Своето духовно, невидливо, но истовремено и целосно забележливо и препознатливо Царство. Кој во себе го примил Царството Божјо, тој може да има јасно спознание за второто доаѓање на Богочовекот, тој може да го препознае и да го избегнува антихристот, или да му се спротистави. Кој, пак, не го примил во себе Царството Божјо, тој не може да го препознае антихристот: тој безусловно, на нему неразбирлив начин, ќе стане антихристов следбеник; тој нема да го препознае крајот на светот, којшто се приближува, и претстојното страшно второ доаѓање Христово; тоа ќе го затекне неподготвен. Ниту едно човечко учење, ниту едно учење од човечки слова не му е доволно за поучување на оној, на кој му е потребно поучување во душевната ќелија, поучување од Самиот Бог. Оној кој во себе го стекнал Царството Божјо, за раководител го има Светиот Дух, кој го „упатува во секоја вистина“ (Јован 16:13) човекот кого што го раководи, не дозволува тој да биде измамен од лагата, којашто, за полесна измама, се облекува во призраци на вистината. Мошне добро се изразил еден блажен монах, говорејќи за антихристот: „Многумина ќе поверуваат во антихристот и ќе почнат да го слават како да е силен бог. Оние што го имаат Бога во себе и чии срца се просветлени, ќе ја видат вистината со чиста вера, и ќе го препознаат [антхристот]. На сите оние што го имаат Божјото Боговидение и што имаат разум, доаѓањето на мачителот ќе им изгледа разумно. На оние, пак, чиј ум е постојано приврзан кон животните нешта и коишто го сакаат земното, сè ќе им биде несфатливо: тие ќе бидат приврзани кон животните нешта. Па и да слушнат да се зборува за тоа, бидејќи немаат вера, ќе го замразат оној што им зборува. Ќе го сметаат за малоумен, достоен на преѕир и сожалување. Помрачено со своето плотско мудрување, човештвото воопшто нема да верува во второто доаѓање Господово. „Во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби и ќе велат: Каде е ветувањето на Неговото доаѓање? Оти, откако татковците наши изумреа, сè си стои така, како од создавањето на светот“ (2 Петар 3:3-4). 

Кога фарисеите отстапиле од Господа, Тој им рекол на Своите ученици дека знак за крајот на светот и за близината на второто доаѓање Господово ќе биде необичниот материјален развој: луѓето ќе го заборават Бога, ќе го заборават Небото, ќе ја заборават вечноста и, во својата соблазна, како да се вечни на земјата, сето внимание ќе го насочат кон земното, кон стекнување возвишена и неменлива состојба на земјата. Што може да биде побезумно од таквата настроеност? Не сведочи ли смртта, којашто ги погодува сите луѓе, дека на земјата сме само кратковремени скитници, и дека од таа причина нашите грижи за вечноста треба да бидат главни и најголеми грижи, а грижите за земното треба да бидат мошне умерени? Без оглед на сета неразумност на таквата настроеност, таа ќе се јави на земјата, заради неизбежноста од исполнувањето на Божественото пророштво. И ако таквата настроеност е пројавена, таа, бидејќи е непријател на Словото Божјо, ни служи како еден од главните докази за вистинитоста на Божјото Слово. „Како што беше во Ноевите дни, – објавил Господ, – така ќе биде и во деновите на Синот Човечки.“ Под денови на Синот Човечки се подразбира време коешто ќе му претходи на Неговото доаѓање и кое ќе заврши со Неговото доаѓање – почеток на вечниот невечерен ден, крај на времето и на времињата. Времето ќе заврши со завршувањето на појавите со кои е одбележано; ќе нема време тогаш кога и денот и ноќта, и утрото и вечерта, и неделите и месеците, и годините и столетијата ќе бидат заменети со еден вечен ден. „Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сè до оној ден кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа“ (Лука 17:26-28). Светото Писмо раскажува дека современиците на Ное и сограѓаните на Лот му се препуштиле на неизмерен разврат. Развратот се раѓа поради отклонување од Бога, од целосна насоченост кон земните занимања и кон материјален развој. Кога да размислува за Бога, кога да работи на своето спасение човек кој постојано и исклучиво е зафатен со земни работи, со материјален развој? Секој човек, којшто ги пренебрегнува познанието на Бога и грижата за своето спасение, на начин кој за него е неразбирлив и незабележлив, ја развива својата падната природа; својата нематеријална душа ја прави како да е материјална; се помрачува, Му станува туѓ на Бога; сиот станува  грев, сиот станува плот; и затоа Бог го отфрла, како битие коешто во себе сосема ја уништило целта заради која Творецот го повикал од непостоење во постоење. „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело“  им рекол Господ за современиците на Ное (Битие 6:3). Сеопштиот разврат, заедно со изобилниот материјален развој, кој ќе го умножи рзвратот, ќе бидат знамение за крајот на векот и за настапувачкиот страшен суд Христов. Тогаш нема да господари само сластољубието! Развратот, во најширока смисла на зборот, ќе стане карактеристика на човештвото во последните времиња на пребивањето на луѓето на земјата. „Зашто, луѓето,  вели светиот апостол Павле,  ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку Богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одеркле!“ (2 Тимотеј 3:2-5). Гревот ќе го достигне својот максимум, и толку страшно и толку силно ќе биде неговото владеење, што маската на побжноста нема да падне. Кој ќе разбере дека на таа побожност, од надвор полна со живот, ì е уништена сета нејзина суштина, сета сила? Така тие биле уништени и во религијата на Јудеите во времето на Христос, што народот тоа никако не можел да го разбере, па дури не можеле да го разберат ни книжниците, ни левитите, ни првосвештениците јудејски, надуени од својата ученост и знаење. Но нивната ученост и нивното знаење се состоеле единствено во изучувањето на Божјите закон по обратен редослед, при живот спротивен на Божјите заповеди: таквиот живот ја прави верата мртва. Човештвото нема да ја забележи својата бедна состојба на моралните и на духовните односи; тоа, спротивно, ќе труби за своето преуспевање, зашто ќе биде заслепено од преуспевањето во материјалниот развој за времето и за земјата, отфрлајќи го христијанскиот развој на духот за вечноста, за Бога. Кога светот ќе го објави и ќе го превознесе своето преуспевање, достигнувањето на највисока благосостојба, неуништивото спокојство и ќе рече „мир и безопасност, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел“ (2 Солунјаните 5:3); тогаш ненадејно ќе настапи крај на светот, крај којшто светот, во својата помраченост, во опиеност од земните преуспевања, воопшто нема да го очекува. Поради слепилото на светот, „денот Господов ќе дојде така, како крадец во ноќно време“ (1 Солунјаните 5:2). Укажувајќи на таа заслепеност, Бог го нарекол времето на Своето доаѓање  ноќ. Зошто, според Божјите мерила, светот би требало да постои и понатаму, ако тој свет, односно човештвото, апсолутно ја отфрла целта заради која од Бога е поставено да пребива привремено на земјата, ако тоа човештво си избира своја произволна цел, цел лишена од смисла? А таква цел веќе се избира! Со таква цел, кратковремениот земен живот се зема за вечен, сите сили на душата и на телото не се трошат од страна на човекот за негово подготвување за вечноста: се трошат и се принесуваат како жртва на илузорна, грда мечта: се трошат за устројување на највисока плотска благосостојба и највиско уживање во земната гостилница, во нашата темница, како да се работи за најсигурно вечно живеалиште. Лажната мечта жестоко ги измамува своите следбеници: таа со нив постапува како нечовечен тиранин, како лут демон. Таа е  демон! Нема поголемо зло од неа, ништо не може да биде полукаво, полажливо од неа. Таа е  исмејување на паднатите духови над луѓето. Им се додворува погубната мечта на луѓето во текот на сиот пат што го изминуваат во земниот живот: ги преобразува на крајот од животот, ги препушта на реалноста, ги остава без ништо. Тие стапнуваат во вечноста сосема неподготвени за неа, сосема незапознаени со неа. И не само тоа: тие стапуваат во неа со настроеност сосема непријателски поставена спрема нејзините духовни блага, спрема сопствената благосостојба во неа. Каде му е местото на таквиот плевел надвор од границите на времето? За тие луе нема и не може да има друго место во вселената, освен бездната на адот: таму тие треба да бидат сокриени од погледите на вселената. 

Монасите на Соловјецкиот манастир го пренесуваат одговорот на преподобниот Зосима, даден од старецот на учениците коишто го прашале како да го препознаат антихристот, кога ќе се појави. Преподобниот им рекол: „Кога ќе слушнете дека на земјата дошол или се јавил Христос, знајте дека тоа е  антихристот“. Тоа е најточниот одговор! Светот, или човештвото, нема да го препознае антихристот: тоа ќе го признае антихристот за Христос, ќе го прогласи за Христос. Следствено, кога ќе се пронесе глас, кога ќе се рашири и засили, за доаѓањето Христово, тоа ќе биде сигурен знак дека се појавил антихристот и дека го извршува предодреденото и дозволеното служење. Одговорот на преподобниот Зосима е базиран на зборовите на Спасителот. Спасителот на светот, запознавајќи ги Своите ученици со признаците коишто ќе го навестат Неговото второ доаѓање, рекол: „Тогаш, ако ви каже некој: Еве, овде е Христос, или таму е, не верувајте! Ако ви речат: Ете, во пустињата е Он  не излегувајте, Ете, во тајна соба е  не верувајте! Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:23-27; Лука 17:23-24). Не е потребно и не е возможно човекот еден на друг да ја пренесува веста за доаѓањето на Синот Божји. Тој ќе се појави ненадејно; ќе се јави во сета Своја семоќ, на сите луѓе и на сета земја во еден миг. Исказите на учените дека не постои можност Синот Божји да се појави пред сето човештво во исто време, поради природниот облик на земјината топка, се сосема неиздржани. Ако семоќниот Бог ја извлекол и земјата и сиот свет од ништожноста со Својата семоќна и семудра заповед, немајќи потреба од претходно советување со учените, зарем Тој не може од истата причина, поради Својата неограничена моќ и премудрост, да се појави пред сето човештво во еден ист миг, макар начинот на кој би можело тоа да се изведе им е недостапен  како што и треба да биде  на сите учени на земјата? „Господ ќе дојде од небесата  рекол св. Јован Дамаскин  на ист начин како што апостолите го виделе да се вознесува на небото; Ќе дојде совршениот Бог и совршениот човек, во слава и во сила. Никој да не го очекува од земјата, туку секој да го очекува од небото, како што самиот Тој потврдил“. 

Господ го завршил поучувањето за крајот на светот и за Своето второ доаѓање со следниве зборови и ветување: „Само пазете се: вашите срца да не бида оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно; оти Тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја“ (Лука 21:34-35). Во тие Господови зборови, во тоа ветување, во тој совет, во таа Негова заповед, се забранува плотскиот живот и изобилство во земните работи, што сето заедно го претвора човекот од духовен во плотски и материјален, го принудува да заборави на вечноста и на Бога, го влече кон паѓање во секаков грев. Во срце коешто не е оградено и не е запечатено со сеќавање на Бога и со срав Божји, лесно влегуваат сите страсти; во него влегува морална темнина, во него влегува непознавање на Бога. За луѓе што водат плотски, гревовен живот, опиени, замаглени од него, ќе се случи доаѓањето Господово како мрежа. Таа мрежа ќе го прекрие целото човештво. Никој нема да може да се извлече од неа. Знаејќи го тоа, да пребиваме во постојана трезвеност. Приклонувајќи се кон Бога со зачестени и со постојани молитви, исполнети со плач и умиление, стекнувајќи го и одржувајќи го во себе Царството Божјо преку живот по волјата Божја, ќе можеме да се избавиме од оковите и од интригите, од гревот и од светодржецот со помош на Божјата сила и благодат. Ние ќе можеме со блага надеж и со духовно навестување за помилување и за спасение да се претставиме пред непристрасниот Судија, Кој треба да ни ја изрече нашата казна, којашто ќе ја определи нашата судбина во вечноста. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная