Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Присуство, прифаќање и строго раководство.
Треба да бидеш таму. Секогаш присутен. Во нивните тешки и лесни моменти. Да почувствуваат дека имаат човек. Дека не се осамени. Да почувствуваат дека припаѓаат некаде.
Бараат прифаќање. Некој да направи да се чувствуваат значајно. Некој да им даде вредност. Несигурните деца подоцна стануваат трауматизирани возрасни, или самите чувствуваат болка, или на другите им причинуваат болка.
И на крај, раководство. Децата сакаат граници. Сакаат луѓе кои ќе ги фатат за рака и ќе ги учат за животот. За убавите, добри работи, за она што треба и за она што не треба. Без граници, децата се самите осудени…
Три нешта им требаат на децата. Присуство, прифаќање и строго раководство.
Направи го ти најдоброто што можеш, а другото ќе го дополни Бог…
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Март 2023 лето Господово