НА РАЦИН
13/06/2020
Да ти кажам
мисли да не си прекинувам,
поет на пат не сретнав
но Коста на срце прилегнав.
Мугри детски разбиструваше
струни за напатени затегнуваше,
мугри бели станаа
незнаен јунак допре гората.
Татковина човек не продаде,
но тутуноберач себеси се виде,
мека му земја од потнина
тврдо му срце од небиднина.
Ај запали сестро кандило,
в куќи да светне тивко видело,
ај Рацин во тивкост да испратиме,
а песни негови да удомиме.
Песни кои очи бодат
ако човек поглед искривува,
од долина и икона да бликнат
радости кои таги стивнаа.
Чемрее сега пролетва,
врба во јасен порасна,
остана песна недопеана
за да пат отвори во муграта.
Од стихозбирката Манастирски води на сестринството на Слепченскиот манастир
Во чест на поетот Коста Солев Рацин, кој на денешен ден во 1943 година на планината Лопушник загина на 34 годишна возраст.