логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Проф. д-р Ратомир Грозданоски

ВЕЛИГДЕНСКИ ПОСТ
Имиња на постот
Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува:
Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за празникот.
Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение.
Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха.
Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден.
Четириесетница  – Велика или Света Четириесетница – затоа што трае четириесет дена (од Чист понеделник до Лазарова сабота). И Господ Исус Христос постел 40 дена (Матеј 4,2; Лука 4,2).
Чесен пост – бидејќи го опфаќа времето на Христовото распнување на Чесниот крст.
Најдолг пост – според должината на постењето. Тоа е најдолгиот пост.
Најголем пост – според важноста, во однос на другите повеќедневни пости.
Најстрог пост – меѓу останатите постења – најстрог според исхраната и воздржувањето, а и според богослужбите.
Историјат
Првпат Велигденски пост или пост за Велигден се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена, вели свети Иринеј Лионски (+202) и сите го постеле. Така се постело во  III век, во „спомен на Христовите страдања“, вели и Тертулијан (+220).
 Кон крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица.
А во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена. За тоа пишува историчарот Евсевиј Кесариски (+340) и свети Атанасиј Велики (+373) во Велигденските посланија.
Дури во V век  е оформен сегашниов Велигденски пост (Велика Четириесетница –  Μεγάλη Τεσσαρακοστή).
Времетраење на постот
Велигденскиот пост опфаќа 7 недели – 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тогаш, зошто се нарекува Четириесетница? – Затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крст и погребението на Господа Исуса Христа. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица. Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетница и Страстната седмица.
Велигденскиот пост нема своја постојана дата, туку зависи од определената дата на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.
Првата недела на постот се вика Недела на Православието.
Втората е Недела на свети Григориј Палама.
Третата е Крстопоклона – Недела на Чесниот Крст, кога вернициите се поклонуваат и го целивааат изнесениот крст на богослужбата.
Четвртата е на свети Јован Лествичник и во неа се преминува средината на постот.
 Петата е на света Марија Египќанка.
Шестата седмица е Цветна – Цветници, наречена така според цвеќето и зелените гранчиња што ги фрлале децата и луѓето пред Христа при Неговото влегување во Ерусалим.
Седмата е последна седмица пред Велигден, наречена Страдална, Страстна или Велика недела. Веќе се најавува блискоста на Велигден. Деновите во таа седмица се именуваат „велики“: Велики понеделник – Велика сабота. Секој ден е поврзан со настаните од последните дни на Господ Исус Христос. Особено се значајни последните три дена: Велики четврток – кога бил фатен, по Тајната вечера; Велики петок – бил суден, тепан, мачен, распнат, умрел и бил погребан. Единствено тогаш пред луѓето се изнесува Плаштеницата со која било обвиткано Христовото тело и погребано. Велика сабота е последниот ден и последната подготовка за Празникот над празниците, а Христос е во гробот од каде ќе воскресне.
Причина и цел на постот
Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели: 
1. Да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение.
2. Крстените, пак, да се подготват за Велигден – за Воскресението Христово, за Празникот што претставува основа на верата. Христијанската вера е вера во воскресението. Тоа му дава смисла и цел на христијанскиот живот. А Велигден е празник на воскресението и на животот –  Нова Пасха – Премин од временото во вечното живеење. Тие што се со Христа овде, ќе бидат со Него и во вечноста. Постот, пак, е време на соединување со Бога – Причестување, Заедничарење, Благодарење – Евхаристија.
Начин на постење и исхрана
Постот е како човекот: телесен и духовен.  Со две природи: за телото и за душата. Постиме од гревовноста и од мрсноста.
Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гавриил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на преполовение на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера.
Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра.
Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите. Таквите, во средата, по Литургијата, најпрво вкусуваат една лажичка светена вода на Водици (агјазма), а потоа Причест.
Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи  воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност. Во постот ние му даваме предност и поткрепа на духовното пред телесното. Тоа е време за повеќе молитва и за повеќе добри дела. Време за откажување од гревот и за покајание.
Во Велигденскиот пост не се прават ни свадби, ниту се дозволува венчавање.
Телесниот пост значи во сите дни воздржување од месо, млеко, јајца и производи со нив, односно од сè што содржи месо, млеко и јајца, а во одредените денови, воздржување и од масло и вино. Главно, храната е од растително потекло. 
Иако, само во сабота и недела е дозволена храна со масло (зејтин), а во другите денови без масло, сепак, има и ублажување на постот, кога е тоа потребно.
Ако е човекот болен, слаб и немоќен, може да добие благослов, да пости со зејтин, млеко и риба. Тоа се однесува и на малите деца до 7 години и на длабоката старост, како и за луѓето во посебни услови и состојби, како што се болестите, затворите, армијата, војните, бремените, леунките, доилките, патниците и сл. Во таквите случаи постот може да се ублажи. Благословот за тоа се добива од православен свештенослужител. Од постот не се ослободува, туку тој се олеснува. Никако не се допушта месо.
Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана сè повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната со животинско потекло. Постот е потреба и за телесното и за духовното здравје.
И најважно, постот не е само воздржување и одрекување од храна, туку е важен и духовниот пост – одрекувањето и воздржувањето од секое зло и грев. Во тие дни треба да се испитаме себеси, да се воздржиме од лошите мисли, зборови и дела, да се покаеме и да се исповедаме. Да се измириме и да се очистиме. Духовно да се зајакнеме и да се збогатиме. Да правиме добри дела и да покажеме љубов кон Бога и кон луѓето.
Од телесниот пост може да бидеме и ослободени, но од духовниот пост – никако и никој, па дури ни ангел од небото не може да нè ослободи.
Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови.“ Затоа и Христос рекол: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21).
Постот на Страстната седмица
Велигденскиот пост завршува пред Страстната седмица која се издвојува во посебна седмица на страданијата. Постот, според поставениот ред, ги завршува своите 40 дена во петокот пред Лазарева сабота (во VI седмица). 
Тие последни денови пред Велигден се поминуваат во строго постење, според зборовите на Господ Исус Христос, Којшто рекол: „Но ќе дојдат дни, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие дни, ќе постат“  (Лука 5,35; Марко 2,19-20; Матеј 9,15).
Апостолските правила Велигденскиот пост го нарекуваат Велика/Голема Четириесетница на која продолжува  Страстната седмица, постејќи со страв и трепет.
„Четириесетница е до седумте дена пред Пасха. Потоа, шесте дни до Пасха целиот народ ги поминува во сувојадење“, вели свети Епифаниј Кипарски.
На Велики Четврток, се јаде еднаш дневно и тоа по завршувањето на Светата Литургија.
На Велики Петок, по своја волја, некои верници не јадат ништо до зајдисонце.
Велика Сабота е единствената сабота во која се пости со пост на вода, а оние што можат, остануваат цел ден на суво јадење.
Богослужбениот живот во постот
Богослужението во Велигденскиот пост е различно од секојдневното вон постот. Тие дни се денови на пост, покајание и проштевање. Богослужбите не се свечени, раскошни и славни. Свештениците се облечени во темни и црни одежди. Се прават поклони со наведнување на главата до појасот – мали (допојасни) поклони, кога со десната рака ја допираш земјата или големи полкони кога се наведнува главата до земја (доземни полони) на колена. На богослужбите има многу читање, а не само пеење, како обично.
Секојдневниот богослужен ред е подолг од вообичаеното. Сите служби во текот на денот, се збогатени со дополнителни молитви за покајание и со повеќе метании – поклони до земја.
Секоја среда и петок се служи Литургија на предосветените дарови, запишана Литургија од свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Таа се служи за да можат верниците почесто да се причестуваат во постот.
Секој петок попладне, се чита Акатист на Пресвета Богородица, во црква, а оној што не може да појде в црква, може да го прочита Акатистот и дома, но подобро е в црква.
Во саботите и неделите не се прават поклони до земја и се служи Литургија на свети Василиј Велики.
Последната недела пред Старастната седмица, Неделата Цветна – на Цветници, се служи Златоустова литургија.
Секој ден од Страстната седмица се служи Литургија, освен на Велики Петок, кога е Христос распнат, умрел и е погребан.
На Велики Понеделник, Велики Вторник и Велика Среда се служи Литургија на предосветените дарови.
А на Велики Четврток и на Велика Сабота – Василиева литургија. Овие два дена се причестуваат најмногу верници. Затоа што тие се последните две литургии во постот и затоа што на Велики Четврток е востановена Светата причест, на Тајната Вечера, а Велика Сабота е единствената сабота што се пости строг пост и затоа што сакаат верниците причестени да го пречекаат Христовото воскресение – Велигден.
Пост и диета. Се слабее ли со постење?

Постот не е диета.  Неговата цел и задача е друга. Не се пости за да се слабее, туку за да се зајакне духот и да се претпочита духовното над телесното. Но, се разбира, тоа воздржување во текот на постот може да придонесе и за зацврстување на волјата и за решеноста да се храниме поумерено и поздраво. Добро е да се користи разновидна храна и за време на постот. Сите сме различни во односот кон храната и во односот на храната кон нас и кон нашиот организам. За некого храната се лепи веднаш, а за друг не. Важно е и воздржувањето од количината во исхраната. Таа навика ќе помогне. Сигурно е дека постењето е здраво и корисно.
Поуки и препораки за христијанскиот живот во текот на постот
Постењето не е само воздржување од мрсна храна или нејадење, оти и ѓаволот воопшто  не јаде, ама јаде души човечки и е полн со злоба, па не може да се спаси. Затоа, кога постиш, не завидувај, туку радувај се, не осудувај, туку проштевај, не прави неправда, туку помагај, не отфрлај, туку поткрепувај, не скарувај, туку смирувај, не навредувај, туку пофалувај итн. Зашто, каква е ползата што не јадеш месо, ако го јадеш брата си?
Постот е време на духовна будност, очистување, покајание, молитва, подвизи и добри дела. Тој е неразделно поврзан со молитва, со читање духовни книги, со дела на милост и љубов кон ближниот, духовни разговори, посета на богослужби, читање и проучување на Светото писмо, посета на часови по веронаука и верски поуки и правење добро. Најдобро е така христијански да живееме постојано, но ако во тоа не успеваме, тогаш постот е најдобар период за вежбање во доброто и придржување кон тоа, за да ни постане доброто навика и да биде наш начин на живеење. Добро е во тој период да се воздржиме од вообичаените лоши навики, недостатоци и пороци. Да ги контролираме страстите. Да не говориме неумесни зборови, пцости и шеги; да не гледаме премногу телевизија, особено, она што е непотребно, непристојно и соблазнително;  да одбегнуваме кавги и расправии; да го отфрламе гневот и злобата; да го оставиме пушењето или да го смалиме; да се воздржиме од алкохолни пијалоци или да се ползуваат умерено; да се одбегнува секое зломислие, злочувство и злодело. Да мислиме повеќе на духовното, отколку на телесното – повеќе за душата, отколку за телото.
Народот вели: „Кој пости, душата ја гости!“

 

18 март, лето Господово 2013

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная