ЈЕВСЕВИЕ ПАМФИЛ (КЕСАРИСКИ)
ЦРКВЕНА ИСТОРИЈА
кnига прва
13. глава
За владетелот на Едеса
Сега ќе зборуваме и за Тадеј. |
Божественоста на Владиката и Спасителот наш Исус Христос , прославенa меѓу сите , привлекло многу луѓе, дури и странци , од просторите далеку од Јудеја. Тие исто така се надеваа на исцеленија од болести и различни страдања.
Заради тоа и царот Авгар кој што славно управувал со народите од онаа страна на Еуфрат, мачен од болеста чие исцеление ја надминувало силата на човекот , дознавајќи за Исуса Христа , со молба и писмо го повикал кај себе .
Спасителот не ја услиша неговата молба да отиде, но, го удостоил со писмо во кое што ветил дека ќе испрати еден од Своите ученици, за тој да ја исцели неговата болест, и да го спаси него и неговите ближни.|
Тоа ветување набрзо беше исполнето.
После Христовото воскресение од мртвите и вознесението , апостолот Тома, еден од дванаесетмината , по зборовите Божји го испрати Тадеј , кој беше меѓу седудесетмината ученици Христови во Едеса, за таму да го благовести учењето Христово. Тој исполни се` што вети Спасителот наш.
Постои писмено сведоштво за тоа, земено од архивата во Едеса која тогаш беше престолнина. Меѓу државните документи кои зборуваат за древните случувања од времето на Авгар, сочувано е до денес и ова:
Копија од писмото напишано и упатено до Исус во Ерусалим, преку гласникот Ананеј.
„Авгар, син на Ухам, топарх, му испраќа поздрави на Исуса , Спасителот благ, Кој се појави во пределите Ерусалимски.
Дојде до мене глас за Тебе за исцеленијата кои што ги извршуваш без примена на лекови и тревки.
Кажуваат, дека Ти на слепите видот им го враќаш ,
дека куците ги оправуваш , па дека повторно одат ,
дека ги очистуваш заразените ( од лепра),
дека ги изгонуваш нечистите духови и демоните.
Ти ги очистуваш оние кои страдаат од долготрајни болести и ги воскреснуваш оние кои умреа. Го слушав тоа за Тебе и со разумот прифатив дека си Ти, или Бог , кој што дојде од небото, зашто правиш такви чудеса, или дека си Ти, Син Божји.
Заради тоа и ти пишувам Тебе:
потруди се, дојди кај мене и мојата болест исцели ја.
Исто така сум слушал како Евреите роптаат на Тебе и коваат некакви завери. Мојот град е мал, но почитуван е, и е доволен за нас обајцата.“
Ете, како пишувал Авгар кога го озарила Божествената светлина.
Но, потребно е да се чуе и Исусовото писмо кое што Тој му го испрати на Авгар преку истиот гласник.
Во тоа писмо нема многу зборови , но навистина е силно , а ете, како тоа гласи
Одговор од Исуса до топархот (Авгар) преко гласникот Ананије.
„Блажен си ти зашто поверува во Мене, иако не си ме видел.
За Мене е речено: оние кои што ќе ме видат, тие не веруваат во Мене
, а оние, кои што не ме видоа, поверуваа и оживеаја.
Ти ме повикуваш кај себе , но, Мене ми е потребно овде да го исполнам тоа за што сум испратен. Кога тоа ќе го направам, ќе бидам повторно вознесен кај Отецот Мој, кој што Ме испрати.
Кога тоа ќе се случи , ќе испратам кај тебе еден од моите ученици за да ја исцели твојата болест и да ти дарува живот , тебе и на оние кои што се со тебе.“
Кон тие писма присоединето е и ова, кое што е напишано на сириски:
„ После вознесеноето Исусово , Јуда, наречен Тома, го испрати (кај Авгар) апостолот Тадеј, еден од Седумдесетемината.
Кога дошол, тој излезе пред Товиевиот син, Товиј. За него се слушна и му рекоа (на Авгар) дека дошол апостолот Христов, така, како и што било ветено.
И започна Тадеј со силата Божја да ја исцелува секоја болест и секоја немоќ, така што сите на тоа се чуделе. Кога Авгар слушнал за големите и чудесни дела негови, му дојде помислата за она за што Исус му напиша: дека ќе му испрати еден од Своите ученици за да ја исцели болеста негова. Тогаш тој го повика Товиј, кај кого што беше Тадеј и рече:
„Слушав за човекот кој што живее кај тебе. Доведи го кај мене.“
Товија се врати кај Тадеј и му рече:
„Топарх (Авгар) ме повика кај него и ми нареди да те одведам кај него за да го исцелиш:“
Тадеј му рече:
„Ајде кај него, зашто знам дека заради тоа сум испратен“.
Другиот ден, наутро, Товиј го поведе Тадеј и дојдоа до Авгара. Кога влегоа , Авгар пред кој што стоеја првите луѓе на државата, виде големи знаци на лицето на апостолот Тадеј:
„Дали си ти навистина ученик на Исуса Христа , Синот Божји , Кој што ми рече дека ќе испрати еден од учениците Свои, за да ме исцели и за да ми подари живот?“
Тадеј му одговори:
„Бидејќи така силно поверува во Оној Кој ме испрати , јас навистина ја исполнувам Неговата волја . И ако веруваш во Него, така како што веруваш, тогаш, ќе се исполни желбата на срцето твое“.
Адгар на тоа рече:
„Јас толку верувам во Него што сум спремен да ја покренам сета војска и да ги убијам Евреите кои Го распнаа , ако не ме спречи Римската држава“:
Тадеј рече:
„Господ мој ја исполни волјата на Отецот Свој ; и исполнувајќи ја, се вознесе кај Отецот“.
На тоа му одговори Авгар:
„Јас поверував во Него и во Таткото Негов“.
Тогаш апостолот рече:
„ Затоа во Името Нагово ја ставам раката на тебе“.
И само што го рече тоа , Авгар беше исцелен од болестоте и страдањата.
Силно се изненади Авгар, зашто се` она за што слушал, тоа сега се исполни врз него: преку Тадеј , ученикот Христов , се случи исцелување без лекови и треви и тоа не само кај него, туку и на синот негов Авда, кој што боледуваше од костоболка.
„Тогаш Авда, доаѓајќи при Тадеј падна пред нозете на апостолот и беше исцелен преку молитвата и полагањето на рацете.
Тадеј исцели и многумина нивни сограѓани , чинејќи големи чуда и го проповедаше зборот Божји.
Потоа Авгар рече:
„Ти Тадеј, се` тоа го чиниш со силата Божја и ние сме силно восхитени.
Затоа , те молам, кажи ми за доаѓањето Христово, како тоа се случи:
кажи ми за силата Негова и за се` она за што сме слушале“.
Тадеј му одговори:
„Јас сега ништо нема да ти кажам зашто сум испратен да го проповедам Словото за сите да го чујат.
Затоа, утре, повикај ги сите твои сограѓани и јас ќе им го проповедам , и ќе го посеам во нив Словото на животот.
Ќе им раскажам за доаѓањето Христово, како тоа се случи ;
за Неговото испраќање од Отецот и зошто тоа се случи;
за силата и за делата Негови;
за тајните кои што Он им ги кажа на светот;
за тоа како му се потсмеваа и го потценуваа;
за тоа , како Он се унизи пред сите , како беше распнат ,
како се симна во адот и ги уништи бедемите со векови неуништени;
за тоа како воскресна од мртвите и отиде кај Отецот Свој со големо множество од души“.
Авгар навистина им заповеда на своите сограѓани да се соберат изутрината и да ја чујат проповедта на апостол Тадеј.
Потоа изнесе пред него злато и ковани пари, но, апостолот тоа не го зеде , велејќи:
„Ако оставив се` свое , како да го земем она, што не е мое?“
Тоа се случило во 340. Година.
Преведе: М. Даниловска