логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Прота - сатврофор д-р Александар Мустеников

ЗА БЛУДНИОТ СИН

Спасителот Господ Исус Христос Природата и големината на Божjата љубов кон луѓето многу често сликовито jа обjаснувал преку разни приказни.  Така, скоро на сите ни, се познати евангелските приказни за Изгубената овца и за Изгубената пара.  И во приказната за изгубената овца и во приказната за изгубената пара на краjот Господ jа истакнувал радоста на овчарот и на девоjката за пронаоѓањето на овцата и парата.  Со ова, Он сакал да jа спореди таа радост со радоста на Бога Отецот кога недоj наш изгубен брат или сестра ќе се врати кон Бога.

Но од сите евангелски приказни кои преносно зборуваат за Божjата љубов кон луѓето, наjдраматична е приказната за изгубениот син или меѓу нашиот народ позната како  Приказна за блудниот син.

Приказната за блудниот син ни опишува една општа фамилиjарна драма во коjа многу живо е опишан односот на родителите кон своите деца, односно во конкретниот случаj односот на еден татко кон своите два сина.

Имено во едно мало место, некоj татко коj бил доста зафатен и богат човек, имал два сина.  Еден ден, дошол каj него помладиот син и му рекол:  Татко, jас не сакам да чекам после твоjата смрт да го дибиjам моjот дел од наследството.  Jас сакам да го имам моjот дел сега, бидеjќи ми се здосади овде на фармата, сметам дека jас не припаѓам на фармата и не сакам да се занимавам како тебе целиот своj живот со земjоделие и сточарство.  Jас сакам да одам во градот и да се занимавам со почиста работа.  Ми се здосади смрдеата и калта од овде, сакам како другите млади луѓе и jас да се прошетам, да се дружам со другари и да се забавувам како млад човек.  Доста ми е од разни забрани, од разни правила овде.  Jас си сакам да си имам моj живот и да си го проживеам животот како jас што сакам.

Татко му се обидел да го разувери и да му го промени мислењето.  Но кога видел дека ништо не помага, се сложил и му рекол:   добро синко, доволно си возрасен кога така сакаш еве ти го твоjот дел од наследството и оди со здравjе.

Синот веднаш откако го добил наследството отишол во некоj голем град, купил дарта за некоjа jужна земjа и таму опкружен со разни другари се одал на задоволства и разни уживања.  Неколку месеци додека имал пари поминал како никогаш дотогаш.  Jадел, пиел и се веселел.  Трошел пари за се и сешто, частел и бил опкружен со многу приjатели.  Приjателите биле пресреќни што нашле човек коj имал многу пари и коj постоjано ги частел.  А тоj трошел без мера.

Но не поминало долго, се случило нешто сосема неочекувано.  Откако ги потрошил парите, се случил глад во таа земjа,  Така, немаjќи пари постанал страден за едно парче леб.  Отишол каj приjателите, барал да му позаjмата некоjа пара, но за негова несреќа сите го вратиле и му дале ни скрешена пара.  Тогаш сознаваjќи дека приjателите го сакале само заради парите, разочаран и дучомбо скршен, почнал да бара работа за да се прехрани.  Но бидеjќи дризата била голема, не можеjќи да наjде работа во градот, бил приморан да отиде во некое помало место и таму се главил за свињар во некоjа мала фарма за свињи.

Како свињар постанал запуштен, калосан и нечист.  Ви евангелиото се вели дека бил толку гладен што бил страден да го наполни стомакот со корења што ги чранеле свињите, но и тие никоj не му ги давал.  Во една таква тотално понижувачка состоjба тоj почнал да мисли.  Тогаш се сетил на татковиот дом и си рекол:  Каj татко ми има полно слуги кои живеат во изобилство.  Што се мачам jас овде и умирам од глад.  Ќе станам и ќе одамво татковиот дом и кога ќе стигнам ќе му речам на татко ми:  татко згрешив против тебе и против Небото, и не сум повеќе достоен да се наречам твоj син, но те молам прими ме како еден од твоите слуги.

И навистина како што намислил, така и направил.  Но да видиме што се случувало со татко му после моментот на неговото заминување.

Татко му секоjа ден кога одел на работа се загледувал во патот по коj син му си заминал и постоjано се молел син му да биде здрав и жив и да не го снаjке некоjа несреќа во белиот свет.  Тоj силно го сакал син му и многу жалел за неговото заминување.  Понекогаш кутриот се затворал сам и го оплакувал син му.  Но ништо не му останало освен надежта и обичаjот дење и ноќе да гледа во пато ида се надева дека можеби еден ден ќе го виде син му како си иде дома.

И така, едно попладне таткото загледан во патот наеднаш забележал фигура коjа многу го потсеќала на син му и веднаш возбуден рипнал и почнал да трча во пресрет на човекот.  Кога наближил, го препознал сина си и целиот пресреќен го пречекал, го прегрнал и почнал да го милува.

Син му сиот збунет од татковиот пречек веднаш паднал на колена и целиот уплакан му рекол:  Татко згресив против тебе и против Небото и не сум достоен да се наречам твоj син, но те молам прими ме како еден од твоите наемници.  А татко му пресреќен го однел дома и веднаш им наредил на своите слуги да го променат и да му стават слатен прстен на раката.  Наредил да го заколат наjугоеното теле, да викнат музика и да приредат банкет.

Но приквечер, на враќање од полето постариот син кога зачул врева во нивната куќа, зачуден прачал некоj од слугите што се случува.  Кога му казале дека веселбата е заради доаѓањето на неговиот помлад брат, многу се налутил и не сакал да влезе во куќата.  Тогаш татко му излегол надвор и почнал да го мили да влезе внатре за да jа сподели радоста заради враќањето на брат му.  Но тоj налутено му рекол на татко му:  Досега никогаш го немам погазено твоjот збор и секогаш послушно ги извршувам твоите наредби.  Од утро до мрак работам секоj ден на имотот и мене не си ми дал да заколам едно jаре и да се повеселам со моите другари.  А за овоj твоj син што половината од твоjот имот го упропасти по блудници, за него го заколе угоеното теле.

Тогаш татко му рекол:  Синко се мое е твое, но овоj твоj брат изгубен беше и се наjде, мртов беше и оживе.

Ете ова е приказната за блудниот син, приказна коjа многу реално опишува една фамилиjарна драма коjа се случувала, случува и ќе се случува меѓу фамилиите.  Но за нас е важно тоа што преку оваа приказна, Господ Исус Христос сакал да jа опише радоста на нашиот Отец Небесен за секоj отпаднат наш брат или сестра кои се враќаат кон Него.  Со оваа приказна Христос сакал да им каже на луѓето дека, нашиот Отец Небесен Коj подеднакво лично се грижи за секоj човек, како Таткото во приказната, силно сочувствува и жали за секоj оноj коj свесно или несвесно е отргнат од правиот и нормален животен пат.  И кога еден таков човек, без разлика на тоа коj е и каков е, ќе се вразуми и обиде да се поправи, тогаш Господ вели дека се случува голем радост на небесата, бидеjќи уште едно чедо Божjо е спасено и уште една сичност постанува учесник во Божjата слава и потенциjален граѓанин на Божjото Царство.

Како таткото во приказната, и нашиот Отец Небесен има силна родителска љубов кон сите луѓе без разлика на нимвата личност и однесување.  Така Он ги сака добрите, но посебно се грижи за лошите, односно за оние кои се тргнати по лоши патишта и на кои им претстои опасност од уништување на нивните личности.  Зато многу пати Господ Исус Христос нагласувал дека е доjден грешниците да ги приведи во спасение, а не за праведните кои немаат потреба од посебна интервенциjа.

Кога се зборува за карактерот на Божjата љубов кон луѓето, се вели дека Бог ги сака сите луѓе без разлика на нивното однесување.  Ова значи дека Неговата љубов не зависи од нашето однесување и возвраќање, ниту пак од моралниот карактер на нашата личност.  Бог едноставно не сака и тогаш кога сме лоши, и тогаш кога правиме разни престапи и неправди на другите.

Како дучовен Отец, Бог секогаш чека и е спремен да го прифати нашето поправање.  Почитуваjќи jа нашата слободна волjа, Он никогаш не не присилува да го правиме она што не сакаме.  Напротив, нашето лично покаjание и преобразба сака да се случи самоинициjативно, како наша лична определба да се одбере доброто и да се живее по законите на доброто.  Бог интервенира само тогаш кога бараме помош од Него, кога бараме нашите лични слабости да се оснажат со Неговата сила.  И навистина, кога искрено се обраќаме кон Него, и кога целта на Божjата асистенциjа е надминување на некои проблеми или потешкотии кои jа отежнуваат нашата определба во доброто, тогаш Бог помага, тогаш Он врши влиjание врз нашата личност, тогаш ни се отвараат нашите духовни очи, тогаш се зголемуваат нашите дуновни сили и правиме подвизи кои во нормални околности не сме во можност да ги оствариме.

Но како што рековме, Бог бара инициjативата за промена на нашиот живот за промена на нашиот однос кон светот во коj живееме да се случи доброволно и по наша лична желба и определба.

Блудниот син откако размислил и jа сватил безизлезноста на своjата ситуациjа, се покаjал и донел одлука да се врати во домот на своjот Татко.  Неговата одлука не била исфорсирана од никакво надворешно влиjание, иако љубовта на неговиот татко била постоjана и силна.

Слично на оваа ситуациjа се случува и со нас, кога треба да донесеме одлука за промена на некоjа наша неподобна ситуациjа.  Со тоа што Бог не сака силно и постоjано, не знаги дека Он ќе интервенира во нашиот живот и ќе не примора насилно да правиме нешто што ние не сакаме или чувствуваме дека не ни е потребно.  Во таквва ситуациjа, Бог бара одлуката за промена да биде резултат на нашето лично убедување дека доброто ќе биде корисно за нас.  И кога тоа ќе се случи, тогаш како што била голем радост на таткото коj си го дочекал своjот изгубен син жив и здрав, така ќе биде голема радоста и на нашиот Отец Небесен кога некоj од нас ќе се покае и ќе одлучи остатокот од своjот живот да го помине чристиjански и во хармоничен соживот со своите блиски.  Тогаш, како што Господ Исус Христос ни обjавил, нашиот Отец Небесен таквиот чин ќе го прослави заедно со сите жители на небесата.  Со него ќе се радуваат ангелите, светителите и сите наши преминати ближни, роднини и приjатели.

Затоа ако чувствувате дека на некоj начин сте оддалечени или отуѓени од нашиот Отец Небесен, соберете сили и обидете се да се вратите под покривот на Неговиот дом.  Он и денес стрпливо ве чека и очекува да се поjавите пред вратите на неговиот дом.  Како таткото во приказната, не само што родителски и со радост ќе ве пречека, туку духовно ќе ве освежи и закрепне и ќе ви овозможи повторно со сета своjа jачина да го почувствувате Вашето лично достоинство.  Повторно ќе ве направи синови и ќерки Божjи, ќе ви jа врати сигурноста и самодовербата во животот и вашите души ќе ги исполни со мир, радост и спокоjство.

Голема е љубовта на нашиот Отец Небесен кон сите нас, затоа не чекаjте и уште денес постанете повторно Негови деца!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная