логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Zarko.sv.Jov

19. мај 2024 година- Свети праведен и многустрадален Јов

Недела на Жените Мироносици

Христос Воскресе!

               Со овој победоносен и торжествен поздрав жените, наречени мироносици ги поздравиле апостолите откако исплашени, но и радосни се вратиле од местото каде што, било положено телото на нивниот божествен Учител, Исус Христос. Првите кои ја добиле најрадосната вест и ја пренеле на човештвото биле Марија Магдалена, Марија Јосиева и Саломија, жени кои носеле миризливи масла за да го помазаат телото Господово. Овие жени тргнале, според јудејскиот обичај, со мириси да го спасат телото на Нераспадливиот од распаѓање. Тие биле исплашени, но воедно и воодушевени и бескрајно радосни кога од ангелот кој стоел пред гробот Христов ја добиле веста за воскресението.
              Кога Воскреснатиот Христос им се јавил за првпат на апостолите им рекол: "Не бојте се! Мир вам!" - но, ангелот ги поздравил жените мироносици со зборовите: "Радувајте се!" По сите случувања со мачењето, страдањето, распетието и смртта на Исуса Христа, апостолите заедно седеле, исплашени и замислени што понатаму ќе се случува со нив. Најхрабри и со најцврста вера биле токму овие жени мироносици кои тргнале до крај да ги испочитуваат обичаите кои владееле во тоа време. Затоа тие и станале првенци на апостолството и први сведоци за воскресението Христово. Оваа вест, од корен го менува текст на животот на човештвото, со воскресението се враќа изгубената можност за богосиновство - а, токму тие, жените мироносици се првите кои Ја објавуваат воскресенската радост на човештвото. Со оваа вест се зарадувала целата вселена, со оваа вест светот бил спасен, а смртта немоќна и вратите на адот скршени.
Дознавањето дека нивниот Учител воскреснал била наЈголема награда за жените кои тоа утро тргнале кон Неговиот гроб, но воедно била и најголема чест што можела од Бога да се добие - преку нив најрадосната вест да се излее врз целото човештво. Тоа била награда која жените мироносици навистина и ја заслужувале; тоа била награда за сите нивни чувства и љубов кон Синот Божји која тие ја имале и ја носеле во длабочините на нивните души, зашто никој не Го љубел толку како жените мироносици; тие верно Го следеле секаде каде што одел; застанувале каде што Он застанувал; Му ги принесувале децата за да ги благослови; се допирале до Неговата облека за да најдат исцеление за своите слабости; Му служеле со несебичност и со вистинска наслада ги слушале Неговите спасителни зборови. Да се потсетиме, една од нив воодушевена од убавината на Христовите поуки извикала: "Блажена е утробата која Те носела, и градите од кои си се хранел!" (Лк. 11,27)
Денес, овој празник, ова спомнување на жените мироносици е спомнување на значењето и улогата на жената во христијанскиот свет. Навистина би било добро да се вратиме на возвишената улога на жената која и е доделена од Бога, преку која се пројавува сета нејзина слава и преку која таа се повикува да биде следбеничка, сопатничка, онаа која служи и преку своето служење ја пројавува боголиката димензија на својата личност. За жал, живееме во време кога да се жртвуваш за другиот, за ближниот, наместо пофалба носи потсмев и поруга и затоа во нас треба да се разбуди свеста дека да се биде слуга Божји значи да се објавува и исполнува волјата Божја и да се биде благовесник на Божјите заповеди.
Во нашето секојдневие, насекаде слушаме за "човековите права" и за "половата и родовата еднаквост", за потенцијална дискриминација во секоја област од нашето живеење. Особено е болно кога христијанството се спомнува како доктрина која наводно го уназадува т.н. современо живеење. Православните христијани се критикувани за конзервативност, тврд и суров став кон улогата на жената во Црквата. Само да се потсетиме на улогата на жената во христијанскиот свет - најпрво, да се потсетиме дека спасението доаѓа во овој свет преку жена која ја нарекуваме Богородица и која едниствено го носи епитетот "пресвета". Пресветата Дева Марија е човечкиот одговор на Божјата желба да бидеме спасени; таа во својата утроба Го сместува Несместливиот; таа е наш - човечки принос и човечки одговор на Божјото прашање за повторно вселување во рајските градини.
Да се потсетиме на илјадниците преподобни жени, кои доброволно се откажале од удобствата на овој свет и доброволно го предале животот на богослужење. Да се потсетиме на илјадниците свети маченички на кои им биле дарувани неброени богатства само да станат она што не сакале да бидат- робинки на материјалното, туку смирено оделе на губилиште како достоинствени христијанки. Да си спомнеме за не толку далечно наше минато - блиска историја на која многумина од нас се живи сведоци кога Црквата била на општествените маргини, а токму нашите жени, мајки, баби, биле тие кои ја зачувале и православната вера и македонската традиција. Додека мажите се правдале дека се атеисти, комунисти, или било што, и дека ќе ја загубат општествената положба или работното место ако појдат во црква или присуствуваат на некој црковен празник, жените биле тие кои се грижеле децата и внуците да бидат крстени, славскиот колач да биде на време прекршен, барем еднаш годишно свештеникот да освети вода во домот. Ете, тоа се нашите домашни, македонски, жени мироносици, тоа е нашето живо свето предание кое секојдневно го слушаме; тоа е вистинско христијанско богослужење.
За жал, денешното инсистирање на еднаквоста, толку застапено во современиот свет, всушност се базира на принципот на споредување - што, всушност, е обмана. Ништо добро не може да се постигне со споредувањето, зашто тоа секогаш е извор на зависта. Зависта започнува со прашањето: "Зошто тој/таа, а не јас!?" Желбата за еднаквоста е желба за уништување на разликите, а разликите се нешто најинтимно во една личност. Укинувањето на разликите е рамно на обезличување на личноста и сведување на обичен број, објект, статистички податок. Со вакво грубо израмнување на разликите човекот, и мажот и жената, не се повеќе од обичен предмет кој има своја пазарна цена и на тој начин доаѓа до најгруба трговија со човечкото достоинство.
Христијанството, оваа желба за еднаквост, ја поништува со љубовта. Љубовта не трпи насилство; љубовта не е еднаквост, туку единство, а во тоа единство, разликите се извор на креативноста, на динамиката, на себепознанието преку познавањето на другиот.
Бог, по молитвите на светите жени мироносици, светите маченички, преподобните мајки и сите свети христиjанки што Евангелието го преточиле во живот да не спаси и помилува.

Амин.

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная