Денес, на денот на света Анастасија Римјанка, во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
„Секое нешто што го здобивате преку вашиот внатрешен подвиг, се одразува врз вашиот живот во Бога. Борете се против секоја страст која предизвикува во вас помисли на осудување против ближниот. Не го примајте она што непријателот ви го подметнува против оној што е неправеден со вас. Било да сте сами во вашата келија, било со други, секоја помисла на осудување, секој негативен внатрешен двиг, создава пукнатина во вашата духовна тврдина и во тврдината на братството. Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици! Со добри помисли за секого што ќе го сретнете, ќе можете да откриете возљубена личност. Наспроти ова, со лоши помисли, вашето лице, вашите душевни сили, ќе ги потресат вашите односи со другите и ќе влијаат врз вашата околина. Кога благодатта е во вас, тогаш не ги гледате маните на другите, туку само страданијата и љубовта на браќата.“ (Старец Софрониј)
Извор: МПЦ