Денес, на денот на свети Макариј Велики и свети Марко Ефески, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија.
„...Бидејќи човекот ја прекрши заповедта, демонот целата душа ја покри со мрачен превез. Но, погледни, доаѓа благодатта и го симнува целиот превез, така што исчистената душа уживајќи во сопствената природа – творба непорочна и чиста, постојано ја созерцува славата на вистинската Светлина и на вистинското Сонце на правдата Кое свети во срцето.“ (Свети Макариј Велики)
„Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: ‘Вкусете и ќе видите колку е благ Господ’ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот којашто се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бога. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот... Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра. Ете затоа благодатта и ги проникнува сите делови на телото.“ (Свети Макариј Велики)