На денот на свети Максим Исповедник, во манастирот на свети Максим Исповедник и свети григориј Палама во Стар Дојран, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија.
„Демоните постојано демнат над нашата душа и се обидуваат да ја уловат со посредство на страсни помисли, за да ја фрлат во мисловен грев или во грев извршен со дело. Но, кога наоѓаат ум што не ги прима, тогаш потонуваат во срам (Пс. 34, 4). А кога го наоѓаат зафатен со духовни созерцанија, тогаш се враќаат назад и во истиот миг се засрамуваат (Пс. 6, 11)“ – Искушенијата на првиот степен од духовниот раст.
„Демоните нѐ искушуваат или сами, или против нас вооружуваат луѓе што не се плашат од Господа.
Сами нѐ искушуваат кога се оддалечуваме од луѓето, како што Господ бил искушуван во пустината“ – Искушенијата на третиот степен од духовниот раст.
„А преку луѓето – кога општиме со нив, како што Господ бил искушуван преку фарисеите“ – Искушенијата на вториот степен од духовниот раст.
„Соодветно на тоа како се молиш за оној што те оклеветал, така и Бог ќе му ја открива вистината за тебе на оној што се соблазнил.“
Свети Максим Исповедник
Извор:МПЦ