Гостивар, 12 октомври (МИА) - Mитрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, денеска на пригоден црквовно-народен собир во гостиварското село Зубовце го освети новоизградениот храм „Св.Апостол Тома“, чиј ктитор е акдемик Томе Серафимовски.
На свеченоста присуствуваа над петстотини гости, не само од Гостиварско туку и цела Македонија.
- Со ова се исполни мојата желба да изградам црква како вечен спомен и да оставам нешто во местото во кое сум роден, изјави академик Серафимовски.
Новата црква во Зубовце е единствена по тоа што има иконостас од бронза и е единствената во Македонија која која го носи името на апостолот Тома. Икосностасот е дело на ктиторот кој е академски склуптор со над педесетгодишна авторска кариера. Собирот заврши со народна веселба и ручек за гостите. згм/дма/14:33