логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Crkva.Vegoshti

Во деновите на цар Ирод, кога во скромна пештера близу Витлеем се роди Спасителот на светот Христос, во источните земји на небото заблеска сјајна и голема, до тогаш невидена ѕвезда. Ѕвездата сјаеше со блескава светлина и полека, но постојано, се движеше во еден правец, таму каде што се наоѓаше Еврејската земја. Ѕвездарите, како што тогаш ги нарекуваа мудреците, веднаш го забележаа новото светило. Според нив, тоа беше знамение Божјо дека таму некаде се родил одамна претскажаниот велик Цар, Избавителот на луѓето од злото, Учителот на новиот праведен живот. И ете некои од нив, што долго ја очекуваа Божјата правда на земјата и тагуваа поради силното беззаконие меѓу луѓето, решија да го бараат родениот Цар за да Му се поклонат и да Му послужат. Не знаеја точно каде се наоѓа, можеби ќе требаше да се патува долго, а патиштата тука беа многу опасни, така што се договорија во едно одредено време да се соберат сите на едно место и потоа заеднички да продолжат, следејќи ја појавената ѕвезда, дури не го пронајдат родениот велик Цар.

Заедно со другите, тргна на поклонение и големиот персиски мудрец Артабан. Тој го продаде сиот свој имот, богатиот дом и од собраните пари купи три скапоцени камења: сафир, рубин и бисер. Висока беше цената на тие камења; цело богатство беше платено за нив, но, заслужено, оти беа ретки по убавина. Едниот блескаше како парче ѕвездено небо во јасна летна ноќ, другиот гореше посилно од пурпурните зраци на изгрејсонце, а третиот со белината ги надминуваше снежните планински врвови. Сето тоа заедно со срцето разгорено од чиста безусловна љубов, Артабан сакаше да го положи пред нозете на новородениот Цар на вистината и доброто.

Ги собра во својот дом блиските пријатели и другари, се збогува со нив и тргна на пат. До местото на средбата имаше само неколку дена, и Артабан воопшто не се плашеше дека ќе задоцни – коњот му беше брз и силен, времето го читаше точно и секој ден ја минуваше потребната делница. Во последниот ден му останаа уште само неколку десетици врсти пат и тој реши да патува ноќе за рано в зори да пристигне на договореното место.

Crkva.Vegoshti

Верниот коњ бодро галопираше по патот, ноќниот ветар му носеше свежина на лицето, а над главата, како разгорена ламбада пред Божјиот Престол, блескаше новата ѕвезда.

„Еве, ова е знак Божји!“, си зборуваше Артабан не симнувајќи го погледот од ѕвездата. „Големиот Цар ни слегува од небото и наскоро, Господи, ќе те видам… Побрзај мој пријателу,“  го бодреше тој својот коњ, нежно галејќи го по гривата.

И коњот послушно го забрзуваше својот од, додека неговите копита одекнуваа по патот среде палмовата шума. Мракот почна да се губи, настапуваше утро. Наеднаш коњот застана и започна да се враќа назад. Артабан се подигна од седлото и здогледа човек паднат на патот. Брзо слезе од коњот, му пристапи на човекот и внимателно го загледа. Тоа беше Евреин, кој веројатно имаше паднато во страшната замка на разбојници. Навидум изгледаше мртов, се слушаше само слаб здив, кој одвреме навреме излегуваше од неговата исушена уста.

Артабан се замисли. Да го одмине и остави ранетиот, не му дава совеста; но ако остане со Евреинот додека овој не се подигне на нозе, ќе поминат многу часови; ќе задоцни на договорената средба и ќе заминат без него.

„Што да правам?“ се прашуваше тој.  „Ќе одам!“, реши тој и тргна кон коњот, но ранетиот како да слушна дека му заминува и последната надеж, застенка тажно и неговата воздишка болно го пронижа срцето на мудрецот.

„Боже мој“, се помоли тој. „Ти ги знаеш моите мисли, Ти знаеш колку се стремам кон Тебе, насочи ме на вистинскиот пат. Не е ли ова Твојот глас на љубовта што зборува во моето срце? Не можам да си заминам, без да му помогнам на овој несреќен Евреин.“

Со тие зборови мудрецот му пристапи на болниот, му ја разврза облеката, со вода му го освежи лицето и засушената уста, а потоа од торбата извади некакви лекарства, ги измеша со вино и му ги излеа во устата на Евреинот. И цели часови помина над болниот, триејќи ги неговите раце и гради.

Зората одамна мина, сонцето високо се издигна над шумата, настапи попладне и најпосле Евреинот си дојде на себе. Тој се подигна на нозе и не знаеше како да му заблагодари на добриот туѓинец.

„Кој си ти?“ го прашуваше тој Артабан. „Кажи за кого тоа јас и моето семејство ќе се молиме до крајот на животот? И зошто ти е тажен ликот? Што те мачи?“

Артабан со тага му раскажа кој е, каде оди и дека сега веројатно задоцнил. „Моите пријатели се, секако, веќе се заминати и јас нема да го видам посакуваниот Цар.“

Лицето на Евреинот се озари од радост. „Не тагувај, добротвору мој, можеби со нешто ситно ќе можам да ти отплатам за твојата добрина. Од свештените книги знам дека од Бога ветениот Цар на правдата ќе се роди во градот Витлеем. Остави ги другарите, ти појди во Витлеем, и ако Месијата се родил, таму ќе Го најдеш“.

Crkva.Vegoshti

Евреинот се збогува со него, уште еднаш му заблагодари и тргна по својот пат. А Артабан се врати да си побара слуги што ќе го водат преку пустината, да се снабди со вода и со сите други потребни работи. Мораше да го продаде едниот камен за да го обезбеди караванот. Но, Артабан не тагуваше поради тоа. Имаше уште два скапоцени камена. „Важно е да не задоцнам кај Царот“. И тој најде слуги, веднаш тргна на пат, брзаше со сите сили и најпосле пристигна во Витлеем. Преморен, валкан, но среќен, се упати кон првата гостилница, брзо влезе внатре и ја засипа домаќинката со прашања: „Дојдоа ли тука луѓе од Исток? Кого побараа? Каде се сега? “

Домаќинката, млада женичка, носеше на рацете мало бебенце и отпрвин се вознемири од изгледот на туѓинецот, но потоа се успокои и му раскажа дека пред неколку дена дошле некакви странци, ја побарале Марија од Назарет и му принеле на нејзиниот Младенец богати дарови. Каде тргнале не се знае, а истата таа ноќ исчезнале од Витлеем и Марија со Младенецот и Јосиф. Во народот се зборува дека тие избегале во Египет, дека на Јосиф Господ на сон му наредил да си замине оттука.

Додека мајката зборуваше, бебето слатко задрема и чиста насмевка заигра на неговото прекрасно и невино лице. Артабан не успеа ни да одврати со збор, кога наеднаш од улицата се слушнаа силни крици, топот на оружје и очаен женски плач. Разбушавени  и вознемирени жени со ужас на нивните лица бегаа викајќи: „Спасувајте се! Ирод пратил војници да ги убијат нашите деца“.

Лицето на младата жена стана бледо, а очите се раширија од страв. Покажувајќи на своето заспано чедо, таа му проговори само: „Спаси! Спаси ми го детето и Бог ќе те спаси тебе!“ Артабан не размислувајќи за опасноста, се затрча кон вратата. Таму го начека началникот на војниците, додека зад него стоеја ѕверските лица со извадени мечови, натопени во крвта на невините младенци. Раката на Артабан сама тргна кон пазувите. Брзо го дофати скапоцениот камен и му го подаде на началникот.

„Земи го каменот и оди си од овде. Остави ги жената и детето на мир!“

Оној човек немаше видено никогаш таква скапоценост. Лакомо го грабна каменот и брзо ги одведе своите војници на друго место, да го довршат страшното дело. Жената падна пред Артабан на колена и со срдечен глас му проговори:

„Бог да те благослови за моето дете. Ти Го бараш Царот на правдата, љубовта и доброто, нека блесне на тебе Неговиот Лик и нека Он погледне на тебе со иста таква љубов, каква што сега јас имам за тебе.“

Тој внимателно ја подигна на нозе и пролеа солзи, не на радост туку на голема болка.

„Боже на Вистината, прости ми ! Заради таа жена и нејзиното дете го дадов каменот што Ти го имав Тебе наменето. Ќе го видам ли некогаш Твојот лик? И овде пак задоцнив! Нема друго. Ќе појдам по Тебе во Египет!“.

И долго патуваше бедниот мудрец, барајќи Го Царот на Правдата. Помина многу земји, запозна многу народи, но бараниот Цар не го најде. Болно се виткаше неговото срце, додека пролеваше горчливи солзи: „Господи, колку тага, болка и несреќа има овде! Кога еднаш ќе се појавиш да им го олесниш животот на луѓето?“

Колку што можеше, правеше сам: со парите што му останаа од продадениот камен ги лечеше болните, им помагаше на бедните, ги утешуваше несреќните, ги ослободуваше затворениците…  Во таков непрестаен труд годините му летаа како што лета фурката во рацете на предачката. Му остана уште последниот камен што внимателно го чуваше при срцето, со надеж дека некогаш, кога ќе Го пронајде, ќе му го даде на Царот.

Поминаа триесет и три години, откако Артабан ја остави Татковината. Телото му се свитка, косата му стана бела, видот му заслабна, рацете и нозете снеможеа, а во срцето, како и порано, гореше истата љубов кон Оној Кого тој од дамнина Го бараше. И дозна престарениот мудрец дека во Јудеја се појавил Πратеник Божји, дека тој врши прекрасни дела, воскреснува мртви, а закоравените грешници и очајните злодејци ги прави свети.

Радост бликна во изнемоштеното срце на Артабан. „Сега“, си рече тој, „ најпосле ќе Те најдам и ќе Ти послужам“.

Дојде во Јудеја, а таму цел народ одеше во Ерусалим на празникот Пасха. Таму е, сигурно, и Самиот Спасител Кого тој со нетрпение очекуваше да Го види. Со групата поклоници дојде и Артабан во Свештениот град, и што ќе види на улиците: река народ се движи некаде во непрестајна колона, а некои дури и брзаат.

„Каде, тоа, одат луѓето?“ праша Артабан.

„На Голгота! Така се нарекува ридчето надвор од градот. Таму сега заедно со двајца разбојници Го распнуваат Исуса од Назарет, Кој што Себеси се нарече Син Божји, Цар Јудејски“.

Падна на земјата Артабан и горко заплака.

„Повторно задоцнив. Ах, не ми е дадено да Те видам, Господи! Не ми се даде да Ти послужам. Но можеби и не е сѐ уште доцна, ќе појдам кај Твоите мачители, ќе им го предложам мојот скапоцен камен и може тие ќе се согласат да Ти ја вратат слободата и поштедат животот“.

Тргна Артабан и колку што можеше, брзаше по толпата на Голгота. На една од раскрсниците му го пресече патот одред војници. Војниците влечкаа кон затворот некаква девојка со ретка убавина. Таа го забележа мудрецот, по облеката го препозна дека е Персиец и го дофати за крајот од наметката.

„Сожали се над мене!“ – молеше таа. „Ослободи ме, земјаци сме. Татко ми дојде овде по трговија и ме донесе со себе, но потоа се разболе и умре. И сега за долговите на татко ми сакаат да ме продадат на ропство и осудат на срам. Спаси ме! Избави ме од бесчестието, те молам спаси ме!“

Се замисли стариот мудрец. Истата онаа некогашна борба како во палмовата гора, при средбата со болниот Евреин и како во Витлеем, во времето кога ги убиваа децата, повторно го вознемири неговото срце: да го сочува ли каменот за Великиот Цар или да го даде за помош на несреќницата? Жалоста и сочувството со бедната неволница надвладеа во него. Го извади Артабан од градите последниот камен и ѝ го даде на девојката:

„Еве ти за откуп, ќерко моја. 33 години ја чувам јас оваа скапоценост за мојот Цар. Очигледно не сум достоен да Му ја принесам на дар“.

Додека така зборуваше, небото се отвори и среде ден мрак ја покри земјата; земјата како да воздивна тажно, се затресе, молњата го пресече сводот од едниот крај до другиот и силно одекна гром; куќите се затресеа, карпи се откорнаа, камењата се облеаја со дожд. Се стркала камен и му ја удри главата на мудрецот. Тој падна на земја, целиот раскрвавен и блед. Девојката што пред малку ја избави се наведна над него за да му помогне. Артабан ги раздвижи усните и започна да шепоти нешто; неговите очи наеднаш блеснаа со радост, по лицето му се разлеа блага насмевка. Се гледаше дека мудрецот кој веќе беше на умирање, пред себе гледа некого невидлив и беседи со него. Девојката се наведна уште повеќе кон мудрецот и слушна како тој со трепетен шепот зборува:

„Господи! А кога, тоа, сум Те видел гладен и сум Те нахранил? Кога сум Те видел жеден и сум Те напоил? Кога сум Те примил Тебе како патник или сум Те облекол? 33 години талкам од земја до земја и Те барам и ни еднаш не Го видов Твоето лице. Не можев да Ти послужам Тебе, Цару мој, овде на земјата“.

Старецот замолкна, градите тивко му се подигнаа. Од небото низ облаците се проби сончев зрак и го осветли неговото лице. Дувна тивко ветре и благо си поигра со неговата коса и заедно со тоа ветре, чиниш на неговите крилја, од некаде долета топол глас: „Вистина, вистина ти велам. Сѐ што си им направил на најмалите Мои во неволја, Мене си Ми го направил“.

Лицето на Артабан се преобрази: на него се отслика печатот на величествен спокој и една светла полна радост. Тој тивко воздивна, благодарно ги подигна своите очи кон небото и мирно се упокои. Најпосле заврши долгото талкање на стариот мудрец; Го најде Артабан својот Спасител и се удостои да му биде примен дарот.

 

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/darovite-na-zadocnetiot-mudrec/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная