Благородна
на света Евгенија
Го праша земјата небото
за тебе, о света Евгенијо,
се двоумеше цветот да заспие
а за убавината на душата да не дознае.
Зошто огнот не те согоруваше,
камен, меко тело не дробеше,
зошто душа за вера небесна обручи
а уште лик на светлина пред тебе не се појави ?
Не слушна земја глас од уста твоја,
туку Небеса се отворија над род човечки,
и твоја молитва прими челадта
за да срце и ум засити со благодатта:
не умее висина –
повисоко да се искачи,
не знае длабочина –
подлабоко да се спушти,
од род небесен во царски одаи,
од мудрост Господова, откриена на свои пријатели.
Затоа удоми се душо човечка
при пазуви Христови,
и смири се жеден човеку
при вечни љубови Негови.
Блажена си ти невесто Христова,
Лагата при тебе исуши корења
А Он погледна на ревност ти велика,
Глава стана, на душа од љубов запалена.
Оган нека се излее милостив
Рани од гревови да зацели,
Око Негово да погледне по твоите свети молитви
Довека да те призиваме, о Евгенијо,
Наша пред Господа душепазителко,
А земјата денес за тебе пред Него поклон направи.
Друго:
СРЕШТА
Друго: