Митрополит Струмички Наум: „Едно поинакво Сретение“ (15.02.2015)
Он знае што нам ни е потребно во овој живот.И не занимавајте се со небитностите од овој свет, поарно молете се Бог да направи да биде сѐ за спасение на сите. И така цел свет се занимава со небитности, остана уште и ние, христијаните, да се занимаваме со истото. И по што ќе сме поразлични? Внимавајте што мислите, што зборувате − поарно е да се молите. Господ да ве благослови сите!