На денот кога Православната црква славно си спомнува за чинот на слегување на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија во Соборниот храм отслужи Божествена Литургија на која ги ракоположи во протопрезвитерски чин свештеникот Јован Кумевски, а во презвитерски чин ѓаконот Николај Киранџиќ. По традиција, откако заврши Литургијата се отслужи Вечерна богослужба на која свештенослужителите и верниците коленоприклонети испросија молитви за слегување и облагодарување на нивните души од Светиот Дух.
Извор: Скопска епархија