Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, има чест да Ве покани на промоцијата на монографијата на доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ со наслов:
„Nikolas Kabasilas – ein Weg zu einer Synthese der Traditionen“
„Никола Кавасила – еден пат кон синтеза на традициите“
во издание на меѓународната издавачка куќа „Peeters Publishers“ (Paris – Lueven – Bristol CT, 2015). (Линк кон изданието: http://www.peeters-leuven.be/boekoverz.asp?nr=9601)
Промотори: Проф. д-р Георги Каприев
Философски факултет при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“;
и
Проф. д-р Ристо Солунчев.
При тоа, со воведен збор ќе се обрати:
НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО, АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. СТЕФАН.
Промоцијата ќе се одржи во салата „Архиепископ Доситеј“ при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје,
на 03.06.2015 (среда) со почеток во 12:00 часот.
Скопје, 30- ти јуни 2015 год