1. Предавање на д-р Георги Каприев на тема „Византиската философија и современите социјални науки“ (1 Јуни, 19:00, ЕУ Инфо Центар);
2. Предавање на д-р Георги Каприев на тема „Византиските философи по 1204 година и Западот“ (2 Јуни, 12:00, МАНУ);
МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА
НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
И
ФИЛОЗОФСКОТО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА
имаат чест да Ве поканат на
ПРЕДАВАЊЕТО
на
Георги Каприев
ВИЗАНТИСКИТЕ ФИЛОСОФИ
ПО 1204 ГОДИНА И ЗАПАДОТ
Георги Каприев
ВИЗАНТИЙСКИТЕ ФИЛОСОФИ
СЛЕД 1204 И ЗАПАДЪТ
МАНУ, 2 јуни 2015 година (вторник),
12.00 часот
Обраќања на:
- акад. Георги Старделов
- г-дин Љупчо Митковски, претседател
на Филозофското друштво на Македонија
______________________________________________________________________
Георги Каприев (Бургас, Бугарија, 1960) е редовен професор на катедрата Историја на философијата на Философскиот факултет при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Специјализирал средновековна философија во Келн и во Париз.
Автор е на 20 монографии и редактор на 21 издание, меѓу кои: Византийски етюди (София 2014), Византийска философия (София 2011/2001), Philosohie in Byzanz (Würzburg 2005), …ipsa vita et veritas. Der „ontologische Gottesbeweis“ und die Ideenwelt Anselms von Canterbury (Leiden-Boston-Köln 1998). Тој е главен уредник на електронското списание Philosophia. Коредактор е на списанијата Archiv für mittelalterliche Philosophie und Kultur и Христианство и култура, како и на едицијата Bibliotheca christiana. Преведува од латински, старогрчки, германски и руски јазик.
Член е на Меѓународната асоцијација за истражување на средновековната философија (S.I.E.P.M.), а во периодот 2002-2012 бил претседател на комисијата „Византиска философија“ при Асоцијацијата. Член е на Друштвото за истражување на средно-вековната философија на Германија (GPMR) и соосновач на Европската апсолвентска школа за античка и средновековна философија (EGSAMP).
Бил гостин-професор на Универзитетот во Келн во 2005/6 и 2013 и гостин-предавач на универзитетите во Амстердам, Бари, Берлин, Бон, Бохум, Келн, Хановер, Карлсруе, Лозана, Лече, Минстер, Вирцбург, Цирих и др.