Старец Маркел Каракалски: Како доаѓа Божјата благодат? (02.09.2015)
Божјата благодат ги посетува душите на луѓето и, кога ќе ги најде подготвени и исчистени, таму попрскува со капки роса од Светиот Дух. Тогаш душата почнува постепено да ги затвoра своите ливчиња, ограничувајќи ги своите чувства, за умот да не се расејува по разните страсти и да не лебди меѓу најразличните помисли. Оттаму доаѓа духовното созревање на душата и таа принесува сочни и благоухани плодови на добродетелите.