Многуговорливоста е исто така голема демонска замка за губење на благодатта. Нашиот ум секогаш треба да е смирен, прибран и собран во молитвата, а многуговорливоста пак го прави умот да биде расеан и неконцентриран за молитвата и Бог, па затоа и оваа навидум наивна страст е голема пречка во подвигот за стекнување и зачувување на благодатта. Ако квачката често го напушта своето гнездо и оди и се дружи со другите кокошки, јајцата ќе истинеат и ќе се расипат.
Така е и со нашиот ум, ако тој често оди во друштво на прзнословци, топлината на срцето ќе истинее и благодатта ќе исчезне.
Страстите како озборувањето, клеветата, љубомората и зависта, злопамтењето, неодговорноста и мрзата, исто така многу му пречат на човечкото срце да ја прими благодатта. Непослушаноста кон духовниот Отец, неисполнувањето на секојдневното молитвено правило, немарноста за телесен пост и подвиг, навидум изгледаат незанемарливи мали отсапки, меѓутоа тие прават да се олади нашето срце за Бога и да ја загубиме благодатта Божја во него.
Игумен Гаврил
Избор од фејсбук страната на : Марта Лазарова
Друго: