логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Слово за градењето на храмови и за „розовото христијанство"


Епископ Душанбински и Таџикистански г. Питирим

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Драги отци, браќа и сестри, ви го честитам овој неделен ден, кога го славиме споменот на светите отци од шесте вселенски собори и Соборот на архангелот Михаил. Денес посебно се радувам што служам во овој храм, затоа што по изминувањето на петнаесет години, откога тука бев олтарник, се удостоив првпат да служам овде. Жалам што досега не бев дошол, но денес ја поправив таа своја грешка и се радувам што ве гледам, се радувам што служам во овој храм. И посебно сум му благодарен, се разбира, на намесникот- отецот Георгиј, кој уште пред 1-2 години ме покани да дојдам тука, во овој храм, за да служам; на старешината отец Андреј и на свештениците, отецот Виталиј, кој остана од старата гарда. На сите им благодарам, и вам, парохјаните, кои го сочинувате денес овој молитвен собир во овој храм, и ние сите со вас усрдно се помоливме на Господа.
Сигурно сте слушнале дека сега сум епископ Душанбински и Таџикистански. И ете од северните краишта волјата Божја ме донесе на југ и во земја која не е нималку едноставна. И еве што сакам да споделам со вас, какви мисли и впечатоци.
Кога јас пристигнав веќе таму, во тие муслимански краишта се случуваат интересни процеси. Тие активно се исламизираат, буквално пред очи. И не само што се исламизираат, како што беше, на пример, пред три години. Таму младите одеа во џамиите. Практично 99% од младите, машката популација, ги посетуваат џамиите во Таџикистан, и земајќи го предвид фактот дека 70% од населението во Таџикистан - тоа се млади луѓе, до 30 години.

Но во последно време таму во џамиите почнаа да се шират повици, за уништување на христијаните, за обезглавување на христијаните. Тоа го немаше порано. Тоа го немаше за цело време на постоење на Црквата таму: не само во последно време, туку за сите 150 години, колку што е таму присугна Русија, колку што присуствува Православната Црква. Секогаш мирно живееја и муслиманите и христијаните. Дури и првите храмови во Таџикистан и општо во Средна Азија, камените храмови ги градеа токму муслиманите, а не христијаните. А сега во врска со појавата на „Исламска држава", во врска со агитацијата на екстремизмот се појавуваат такви расположенија во исламскиот свет, насочени токму против нас, против христијаните.
Но ако обрнеме внимание на самите нас, на христијаните, на она што денес се прави во Москва, тогаш ќе видиме дека тука работите не се баш добри. Јас со чудење читам во медиумите за тоа, дека самите православни христијани во Москва се борат против градењето на православни храмови. Тоа е веќе сосема нечуено нешто. Може да се разбере, кога во 20-30-тите години борбените атеисти ги рушеа храмовите, но самите православни христијани да бидат против градењето на храмови, бидејќи ним не им се допаѓа -такво нешто никогаш немало. И ете тие две закани, кои денес постојат во светот, се тесно поврзани. Токму во последно време почна да се засилува исламската закана. Се појавува сила, која може да го разнесе сиотхристијански свет. Силата, насочена во прв план кон западниот свет, кон Европа, кон Европа која стана веќе антихристијанска - бидејќи се откажа од христијанските вредности. Тоа не е само постхристијанска Европа, туку веќе антихристијанска Европа, бидејќи кога таа беше христијанска, и оние вредности кои се култивираа во таа Европа, веќе се покажуваат всушност како антихристијански. И тука одеднаш, на Исток, во арапските земји, се појавува сила, која се покажува како антиисламска, која исто така однатре го разрушува самиот ислам. Токму тие антиисламски настроенија и антиисламски сили ја сочинуваат заканата за токму таквиот постхристијански, антихристијански свет. Затоа што, ако самите ние, христијаните, почнеме да се бориме против градење на храмови - ние не сме христијани, ние сме антихристијани. Тоа е веќе расположение антихристијанско - а ние тоа не го ни сфаќаме! Како се појави таквата заблуда во современиот свет? Ова се случи затоа што луѓето почнаа да живеат комфорно. Вкупно овие последни десет години живееме во некаков комфорт. Се појави благосостојба. Се опуштивме во таков лој после страшните деведесетти години и одеднаш решивме да живееме комфорно во Православието. А Православието никогаш не било комфорно. Тоа секогаш било крст. Денес во апостолското читање (1.Кор. 1,10-18) слушавме: што е словото Божјо за оние кои гинат? Тоа е лудост. Оние кои гинат никогаш нема да разберат, што е тоа слово Божјо; за нив тоа е лудост, безумство. Аза оние кои се спасуваат е сила Божја (1 .Кор. 1,18; види исто така: Дела 17,18; Рим. 1,16). И ете христијаните, денешните христијани, овде во Москва.ја исгубијатаа сол (спореди: Мат. 5,13). Тие почнаа да го восприемаатхристијанството, вистинското христијанство, како безумство, како лудост.
Еден мудар човек рече дека ние заедно треба да се насладуваме од Творецот и да го ползуваме созданието, а ние христијаните, почнавме да се насладуваме од созданието, а да го искористуваме Создателот. Нам сетреба да ни биде удобно: нашите храмови да се наоѓаат на такви места, кои не би ни пречеле, та Бог воопшто да не ни пречи. Да не ни пречи да живееме комфорно, да не ни пречи во благосостојбата.
Ете тоа е „розовото христијанство" (терминот не одамна измислен, уште во 19 век; од страна на Константин Леонтјев, нашиот мислител и монах оптински), „розовото христијанство", разводнето и разредено - ете што забележуваме сега. И како казна за таквото христијанство се појавува тој ислам, кој веќе изникна. Тие ревносно одат во џамиите. Ревносно го запазуваат нивниот пост. Денес таму има шеесет степени целзиусови, а муслиманите сите, практично младите - стопроцентно - го запазуваат постот, во кој не смеат ни да јадат, ни да пијат до зајдисонце. И тие сето тоа совесно го исполнуваат. Во тоа време кај нас беше петровденскиот пост, и јас гледав како христијаните за време на петровденскиот пост јадат месо, млечни производи итн., - постојано го нарушуваат постот, дури ни од мене не срамејќи се. А кај муслиманите не е така. Дури и оние кои имаат високи чинови го запазуваат постот, трпат.
И оние луѓе, кои, можеби, и неправилно веруваат во Бога, но ревносно, може да станат казна за нас денешните „розови христијани" -толку раслабените. Тоа често се случувало во историјата. Падот на Византиската империја беше токму поради тоа, кога христијаните престанаа да бидат христијани, сол на земјата (Мат. 5,13), кога тие престанаа да го чуваат овој свет и да го поддржуваат - тогаш дојдоа муслиманите и тогаш христијаните почнаа вистински да се молат, но останаа сосема малку, и храмови останаа малку... И муслиманите нема да ги прашуваат противниците на градењето храмови, каде да ги градат своите џамии! Да не даде Господ да ги дочекаме тие времиња. Атие закани постојат. Затоа да сфатиме и да им објаснуваме на оние кои не сфаќаат, што е тоа вистинско, автентично христијанство, што е тоа себеоткажување, што е тоа благодарност на Бога и слава на Бога, и Божјите храмови треба да бидат на најдобрите локации, на најубавите, а не на некои пустелии и на недостапни и неубави места. Нашите претци прекрасно го сфаќале ова, кога граделе храмови на најубавите места и најдрагоцените нешта ги подарувале за храмот. Тие знаеле дека храмот - тоа е дом Божји, и се што е најскапоцено, највредно треба да биде во тој храм Божји.
Го гледаме и овој храм кој никогаш не бил затворен: колку е благолепен, колку останале во него стари икони, се уште неуништени. И посебна благодат има овде, присугна е во овој храм, во оние храмови кои не беа затворени. И ние сме должни да ги сочуваме, никако да не ги загубиме. Но, се разбира, кај нас постои опасност да го загубиме ова токму поради нашата млакост.
Каква ли ќе биде најстрашната карактеристика на христијаните од последните времиња? Токму млакоста. Токму така ги карактеризира Откровението Божјо, Апокалипсисот-дека тие ќе бидат млаки (Откр. 3,15-16). Таа млакост, болеста на млакост веќе се всели во нашите срца, и во нашите умови, кога ние почнуваме логички да размислуваме, каде треба да се градат храмови и како тие не треба да ни пречат, за да ни биде удобно и за да се вклопат сите тие удобства. Православното христијанство - тоа не е удобна религија. Тоа никогаш не било удобно.
Овие тенденции кои денес се појавуваат кај нас се многу опасни. Јас веќе ги гледам од другата страна, од страна на исламскиот свет, и моја директна обврска е да ве предупредам за таа закана, бидејќи ситуацијата активно се менува. Пред два месеца овакви повици за колење на христијани немаше. Но сега се појавија. И овде во Москва ссповеќе и повеќе се шират реакции против градењето на храмови; се случува борба против храмовите. Тоа се меѓусебно поврзани појави. Самите ние ја предизвикуваме од пеколните длабочини таа страшна сила, која може да нс казни.
Затоа усрдно да се молиме, ние кои разбираме, во што е суштината на вистинското христијанство. Да одиме во црква и да не бидеме мрзливи да одиме во црква. Да се молиме и да постиме. Да постиме како што е предвидено. Затоа што оние кои ни се противат, сето тоа го исполнуваат. Затоа треба со посебна ревност да Му служат на Бога оние кои не постеле, оние кои ги испуштале богослужбите. Потребно е денес да бидеме ревносни, затоа што настапува многу опасно време.
Се радувам што ве видов, ви благодарам и се надевам, дека оваа моја прва служба овде во овој храм, нема да биде последна и тоа ќе стане добра традиција, ние ќе се сретнуваме почесто, доколку, се разбира, намесникот ќе ни дозволи и благослови. И ние тогаш подобро ќе се запознаеме, бидејќи јас многумина од вас веќе не знам, иако тоа е добро. Добро е што се појавуваат многу нови луѓе, кои ќе станат, се надевам, такви ревносни христијани - а не такви христијани, за кои денес говорев.
Нека ни е за многу години празникот и ви благодарам!

 


28.07.2015 година


Превод од руски јазик: свештеник Јани Мулев
 http://www.pravoslavie.ru/smi/80994.htm



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная