Обраќање на Н.E. амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, г-дин Олег Шчербак на Вториот Меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров"
Во сите времиња човечката душа била бојно поле меѓу доброто и злото, и нашето доба не е исклучок. Згора на тоа, денес злото, за што сведочи разурнувачка дехристианизација на Западна Европа и зајакнување на меѓународниот тероризам, дејствува особено активно, користи се полукави методи, знае да стави привлечна обвивка и да ги менува вистинските вредности со лажни.