Скопје,31 март 2018-храм на св. пророк Илија
"Лазарева сабота"
На 31 март 2018 година, кога Светата Црквата молитвено го слави Воскресението на Лазар Четиридневниот – пријателот Господов, старешината на храмот, отец Зоран Стаменковиќ, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром,отслужи Света Златоустова Литургија.На Литургијата бројниот верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Потоа отецот во својата беседа, обрна посебно внимание на актуелните општествени текови, потенцирајќи ни да внимаваме на своите постапки, на доброто во делата и Христос да го љубиме.
Некои спорат околу верата, и нема крај на тие спорови. Воопшто не треба да се спори, туку само да се моли Бог и Мајката Божја, и Господ без нашето спорење наскоро ќе нè просветли. Мнозина ги изучиле сите вери, но вистинската вера не ја познале како што треба. Оној кој во смирение ќе се моли на Бога, да го просветли Господ, нему Господ ќе му даде да познае колку многу Он го љуби човекот. Горделивите луѓе мислат дека можат сè да постигнат со умот, но Бог не им го дава тоа. Ние Го знаеме Господа. Он ни се покажа Себеси преку Светиот Дух, и душата Го знае Него, и се радува и се весели и е спокојна. Во тоа е нашиот свет живот.- Свети Силуан Атонски
Преминпортал (к.т.)