По промислата Божја, Христа ради јуродивата Агапија, дошла во Киево – Печерската лавра, каде што проживеала до самото нејзино затворање. Архимандритот Кронид за време на потстригот во монаштво ú дал на Агапија ново име – Алипија, благословувајќи ја на подвигот на столпништво. Три години подвижницата поминала во шуплината на едно старо дрво.
Како што посочија од издавачката куќа, освен што дава преглед на ремек-делата на една од најзначајните архиепископии на православниот свет, книгата претставува и значаен придонес за црковната историја на уметноста во државава. Книгата содржи и шеесетина фотографии и скратена верзија на текстот на англиски јазик.
Да бидеме искрени - современиот свет го поставува човекот на пиедестал. Го опсипува со внимание,грижливо му се наметнува, говори за него со пофални слова. Уште повеќе,го поставува во центарот на сè. Постојано ги промовира неговите интереси, ги благословува неговите сомнителни достигнувања и што е најважно - споредува сè со неговата „исклучителна“ вредност.
Срцето има бескрајни желби бидејќи е и создадено за тоа да расцвета бескрајно.
А срцето на неверникот не исполнето со вечноста, вечно воздивнува, трага и жеднее, но никако не може да се исполни, бидејќи световните задоволства се слаби да ја исполнат срцевата празнина.
Врзувањето на ѕверот со синџири не значи и дека сте го победиле. Проблемот сепак постои, вие само добивте малку време. Ѕверот рика и ќе се врати во првиот момент на беспомошноста. Депресијата е празнина на Божјото отсуство, кога тишината се исполнува со плач.
Исто така, потребно е човек да биде доволно внимателен, за да не падне во опасното привидно смирение и заблудено смиренословие, кои се манифестации на наивниот горделивец и лукавиот себичен човек. Изобличувањата го испитуваат нашето смирение.
И кога се исполни времето, Јован ги испраќа своите ученици при Христос, не дека не знае Кој точно Е Тој, туку од љубов кон Него и кон нив, сака и тие да Го запознаат Спасителот на светот; да се исполни истоштителната љубов: „Он треба да расте, а јас да се смалувам!“ (Јован 3, 30).
Во тој час Он исцели мнозина од болести, и од рани, и од зли духови, и на мнозина слепи им подари вид.
И тогаш се сетив на една реченица од Василиевата Литургија: „…Господи, зборни им во нивните срца за Твојата Црква и за сиот Твој народ“. Овој монах се сети на тоа „зборни“ и се помоли: „Господи, зборни му во неговото срце за моето покајание, кажи му дека се покајав за сѐ што сторив, и дека му барам прошка и дека јас му простувам“.
Познатиот атински проповедник Апостолос Макракис дојде еднаш на островот Парос и остана неколку дена во манастирот Лонговарда. На совет од браќата отиде во манастирот Преображение да се исповеда кај Старецот, свети Арсениј. Но, наместо да ги исповеда своите гревови со смирение и скрушено срце, тој започна да зборува опширно за своите подвизи: како ги изобличува во проповедта оние кои грешат, особено архијереите и јереите, претставниците на властите, и со смелост ги изнесува во јавноста нивните престапи. Старецот смирено и благо му рекол:
Религијата на Толстој знае само за Отецот, и не може да знае за Синот. Не можеме да го сметаме за хрстијанин оној на кого му е туѓа и одвратна самата идеја за искупувањето, самата потреба од Спасител, т.е., оној на кого му е одвратна идејата за Христос. Таква омраза спрема идејата за искупувањето, такво нејзино жигосување како неморална, христијанскиот свет не познавал до појавата на Толстој.
Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил Исуса Навина. Ангeл вoјувал за царoт Јeзeкиј правeдниoт и за eдна нoќ ја уништил цeлата халдeјска вoјска. Кoлкупати ангeли ги пoсeтилe апoстoлитe и христијанскитe мачeници вo затвoритe,
Постојат 7 Вселенски Собори кои што се одржувале во периодот од 4 до 8 век и тоа: 1 во Никеја 325 година; 2 во Цариград (Константинопол) 381 година; 3 во Ефес 431 год.; 4 во Халкидон 451 год.; 5 во Цариград 553 год.; 6 во Цариград 680 год.; и последен Вселенски Собор што го има одржано Светата црква Христова е Седмиот Вселенски собор во Цариград (Константинопол).
Разбирливо е дека нашите примарни Декларации за правата на човекот ставаат исклучителен акцент врз правата, без да ги поврзуваат или ставаат во релација со задолженијата; тие документи се напишани за време на револуција против државната власт и се стремат да ги заштитат граѓаните од своеволната употреба на таа власт. Сепак, во потрезвената атмосфера на денешната глобална перспектива, таа едностраност треба да биде надмината.
Веројатно често се чувствувате дека сте "наивни" поради тоа што не сте имале многу врски во животот. Тоа е поради тоа што овие три зборови често се мешаат во денешното општество. Денес луѓето мислат дека ако си "искусен" кога станува збор за врските и забавувањето, значи дека со самото тоа си и "позрел", а ако немаш искуство со врските, значи дека и понатаму си незрел,
Умот кој долго размислува за нешто материјално, се разбира, станува зависен од тоа, имено, тоа е или желба, или тага, или гнев, или злопамтие, и ако не смета дека тоа е ништожно, нема да може да се ослободи од таа страст.
Тоа се зборови што ги одразуваат длабочините на нашата душа. Кога умот талка некаде, тоа не е случаен и