логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

o.Tino.g.Ilija2

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ !

           Евангелскиот настан со исцелувањето иа слепородениот човек ни дава убава можност да позборуваме за неговото духовно значење, зашто празнувањето на овој настан од евангелската историја е карактеристика која дава смисла на денешната недела. Во кондакот од денешната богослужба ги слушнавме и овие зборови, „Со духовните очи ослепен, кон Тебе, Христе доаѓам, како слеп од раѓање, и во покајание повикувам кон Тебе: Ти, за оние кои се во темнина, Светлина си пресветла!“, а овие зборови не тераат да размислуваме за двете врсти на слепотија - духовна и телесна.
        Телесната слепотија е физички недостаток кој не лишува од можноста да ги видиме убавините од овој свет, кои Бог ги создал. Не лишува од можноста да ги видиме своите родители, ближни и пријатели. За разлика од неа, духовната слепотија е миогу пострашна, зашто станува збор за слепотија предизвикана од гревот, со која ние се лишуваме од можноста да ја видиме сопствената грешна состојба и да го видиме патот кон покајанието.
         Нашата душа ја загубила способноста да Го види Бога зашто е грешна, па затоа очите на душата можеме да ги очистиме само преку „покајни солзи". Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека ние сме грешни луѓе, паднати, кои се одделиле од Бога, Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал. Доволно е да ја здогледаме во себе гордоста, па таа да ни ја покаже зависта, па гневот, сребролубието и т.н. И тогаш човекот греба да започне да ги оплакува своите гревови, а покајните солзи ќе бидат во можност да го избистрат нашиот духовен вид.
Откако ке ги погледне своите гревови, кои по број се колку морскиот песок, човекот ќе сфати дека никаква човечка и нечовечка сила не се во можносг да го ослободат од тоа море на гревови, па дури ни самиот тој не може да се ослободи од нив. Секоја клетка од нашето битие, секоја педа од нашата душа е зафатена од болеста на гревот. Затоа, секој човек е должен да ги упати кон Христа Господа зборовите: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш!".
         Кога човекот ќе почне постепено да се очистува од гревот, во неговата чиста душа влегува Христос и тогаш во него пребиваат Христовите мисли, чувства и дела. Само на таков начин човекот го стекнува духовниот вид. Само на таков начин можеме да Го видиме Христа, да се соединиме со Него и засекогаш да пребиваме со Него во Царството небесно. Но, за да го достигнеме тоа, потребно е да да ја разоткриеме гревовната обвивка, во која сме завиткани и која му пречи на духовииот поглед. Во Евангелието е речено: „Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!". Кој е првиот чекор што треба да го направиме, ако сакаме да Го видиме Бога? Секогаш најпотребно е да започнуваме со молитва, и тоа молитва која ќе биде упатена директно кон Самиот Спасител: „Господи, Ти дојде во светот за да ме очистиш, за да ми дадеш духовен вид! Јас светлината не сум ја видел, зашто мојот ум е помрачен ијас се наоѓам во гревовниот мрак. Ако сум во мрак, тоа значи дека јас Тебе, Спасителу, не можам да Те видам, но јас верувам и знам дека Ти си тука, јас верувам и знам дека Ти ме слушаш. Затоа, Господи, очисти ме и дај ми можиост да ги видам своите гревови!“.
          А што е потрсбно да се направи кога по Својата милост, Господ ќе ни ги покаже нашите гревови? Потребно е да се сфати гнасотијата на секој грев, да се покаеме за него и да влеземе во борба со него. Потребно е секојдневно да просиме од Бога да ни ги открива нашите гревови, зашто, кога ние ќе се ослободиме од еден грев, кој ја заробил нашата душа, тогаш Господ ќе ни открие уште еден и уште еден... И на таков начин, како да одиме по скали, ние ќе ги упатиме нашите чекори напред кон светлината. Постепено нашиот живот ќе се исполни со радост, чистота и Христова правда. Ние ќе ја здогледаме светлината и ќе сфатиме каде треба да одиме, ќе стекнеме можност да разликуваме каде е правдата, а каде лагата, каде е доброто, вистината, убавината... Така, борејќи се со гревот, ние ќе го познаеме вистинскиот пат. И тогаш Господ ќе не поведе за рака, зашто ние цело време само Нему ќе Му се обраќаме за помош и ќе не поведе по вистинскиот пат.
          За жал, многу луѓе доаѓаат во храмот не пет или десет години, туку и по четириесет и педесет години, а сеуште пребиваат во целосна духовна слепотија. Можеби ќе се запрашаме: зошто е тоа така? Познаваме луѓе кои редовно доаѓаат во храмот, се исповедаат, се причестуваат, а сепак, и понатаму се духовно слепи. Тоа е така, зашто духовната слепотија се лекува само со покајни солзи, се лекува со натчовечки сили во желбата за очистување од гревот. Единствено борбата против гревот може да ни даде можност да ја видиме вистината. На таков начин постепено, според мерката на нашето движење кон Христа, ние се помалку и помалку ќе грешиме, се додека целосно не се просветиме. Впрочем, тоа е и целта на нашиот христијански живот, тоа е и стекнувањето на благодат, тоа е и нашето спасениеЈ
           Потребно е да го знаеме и тоа дека Господ Исус Христос не дојде во светот за да му подари на слепиот вид или да ги излечи некому болестите, Господ Бог е добар и милостив и по нашите молитви Он ни дарува и здравје и било каква телесна помош, но Он не беше распнат на Крстот заради тоа, за ние да бидеме поздрави, побогати, посити, поубави... Колку и да сме поубави и поздрави, сепак, ние еден ден ќе умреме и нашето тело ќе биде предадено на земјата. Господ Бог сака да ни го даде Царството небесно. Но, него ние не сакаме да го видиме и постојано зборуваме само за тоа во колку убава куќа треба да живееме, во што поубаво да се облечеме, како да изгледаме пред другите, а сите тие мисли се само суета и ништо друго.
           Мпогумина нема да бидат удостоени да влезат во Царството Божјо. Пред многумина рајските врати ќе бидат затворени и ќе ги слушнат Божјите зборови: „Бегајте одовде, зашто не ве познавам кои сте! По вашето крштение вие толку многу гревови сте ставиле на терет на вашата душа, така што јас повеќе не ве познавам. Кога се крстивте вие бевте ангелски души, а сега погледнете сами на себе на што личите! Јас ви дадов благодат а вие во што се претворивте? Во блудници, во стомакоугодници, во пијаници, во детеубијци и не можам да се начудам од каде кај вас толку многу поганство! И такви какви што сте го барате Царството Божјо. Тоа е неможно!".
         Во друга прилика Господ вели: „Како си влегол овде кога не си облечен во свадбена облека?". Ние можеби ќе одговориме: „Па како, Господи, јас Тебе Ти се молев?". Да, ти си се молел и си барал. Си побарал пари, си ги добил, си просел здравје - си оздравел, си се молел за своите деца, и си го добил тоа што си го барал. А го побара ли некогаш Царството небесно? Ти беше ли некогаш потребно Царството небесно или не? Ако не ти било потребно, тоа значи дека нема ни да го добиеш! Него ќе го примат само оние, за кого тоа е цел и смисла на животот, кои целиот свој живот го посветиле во барање на тоа Царство, кои се дале за да го придобијат тоа Царство. И кога Господ ќе ја здогледа во нашето срце вистинската желба за Царсгвого небесно, Он тогаш и ќе ни го даде. Само на таков начин можеме да го стекнеме Божјото Царство.
           Сите луѓе кои се родени на земјата се грешни, па затоа не треба да велиме дека Царството Божјо им припаѓа само на праведниците. Не,  зашто таму сите се грешници, но грешници кои се покајале, кои плачеле за своите гревови, кои се бореле против своите гревови и кои целиот свој живот го положиле во исправање на своите животни патеки. Таквите не доаѓале напразно во светиот храм, туку доаѓале со молитви во устата и со покајни солзи во очите. Зашто Господ не гледа на лице кој е кој, туку гледа во човечките срца какви се и дали го бараат Царството небесно. Токму затоа да се трудиме да го стекнеме духовниот вид, да се излечиме од духовната слепотија, да го видиме во себе гревот и да го видиме и патот Христов, по кој секој од нас може да влезе во Царството Божјо.
Амин!

ѓакон Илија Пројчевски

 

Скопје, 29ти мај 2022 лето Господово

Храм на св.пророк Илија

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная