На вчерашната Света Литургија во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со членови од Светиот Архиерејски Синод и свештенослужители од повеќе епархии, преподобниот игумен Јоаким Крчовски беше вброен во Диптихот на Светиите.
Притоа беше одредено неговиот спомен да се празнува на 23 мај по новиот стил.
Во текот на својот живот Јоаким Крчоски објавил пет книги, а одиграл голема улога во просветувањето на народот во кривопаланечко. Иако нема точен податок за тоа каде е роден, се верува дека е од Кичево (оттаму од епитетот Крчоски, според турската варијанта на името на градот, Крчова), но сепак најголемиот дел го поминал во Крива Паланка.
Преподобниот Јоаким Крчовски е автор на следниве дела: „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим; „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена исто 1814 г. во Будим; „Чудеса Пресвјатија Богородици“, 1817 г. во Будим; „Сија книга глаголаемаја митарства“, 1818 г. во Будим и „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. во Будим.
Фотографии: Кумановско-осоговска епархија
https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/prepodobniot-joakim-krchovski-kanoniziran-za-svetec/