И јас ги благословувам и не ги колнам. Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Тие ме правеа странец во земските царства и непотребен жител на земјата.
Како што гонетото животно наоѓа посигурно засолниште, отколку негонетото, така сум и јас,
Што е Богочовекот Христос: што е Бог во Него, а што човек? Како се познава Бог во Богочовекот, а како човекот? Што ни даруваше Бог, нам луѓето, во Богочовекот и со Богочовекот? Сето тоа ни го кажува Светиот Дух – „Духот на Вистината“: ни ја покажува целата Вистина во Него – за Бог во Него и за човекот, и што сѐ ни е подарено со Него? Е тоа бескрајно надминува сѐ што човечките очи некогаш виделе, ушите чуле, а срцето претчувствувало.
За апостолот Црквата не е само „едно тело“, туку и „еден Дух“. И овде се подразбира не само едномислие, туку и еден Божји Дух, Кој проникнува низ целото тело, како што и сведочат светите Отци, учителите на Црквата. „Што е тоа единство на Духот?“ – прашува св. Јован Златоуст и одговара: „Како што во телото Духот сите ги опфаќа и соопштува некакво единство на
„А светителот, погледнувајќи ме, откако се сети на напорот низ кој со него поминав и сфаќајќи ја причината поради која трпев глад и жед, бидејќи беше, како што реков, украсен со дарот на прозорливост, кон мене почувствува големо сострадање и ми рече со укор: ‘Јади, чедо, и пиј, и отсега не тагувај. Зашто да не сакаше Бог да те помилува, немаше да благоволи да дојдеш со
Кои се, значи, одликите на Светителот? Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восовршување, научил да се контролира себеси и својата психосоматска моќ.
Животниот пат на светиот Јоаким Крчовски може да кажеме дека е поделен во две патоказни варијанти од кои едната се потпира на предание, кое подоцна не е верификувано од страна на науката и фактографски е побиено, а тоа е кажување од страна на Кирил Пејчиновиќ дека во
При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце. Оваа благодат во нас може да стане и извор на благодат која нè води во живот вечен доколку го очистиме и го отвориме нашето духовно срце“ – секако, за молитвата. „Добивањето и пронаоѓањето на вода жива, пројавено како умно-срдечна молитва, е дар Божји“.
Константинопол, Градот на Богомајката, окото на светот, престолнината на ромејската цивилизација, Новиот Рим, кој ја напои сета вселена со Божественото учење и спасителните догми и го просветли светот со премудрост вишна и земна, не престанува да блеска и денес со евангелската и духовна светлина, преку првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија.
Во чест на успението на преподобниот Георгиј Григоријатски, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
18. Секогаш однесувајте се убаво пред детето. Покажете му како да стане најдобра личност што може да биде.
19. Почитувајте го детето кое одмора, набљудува активности на други деца или размислува за нешто што направило. Не му се обраќајте, ниту принудувате на нешто друго тогаш.
Оној што е научен на љубовта од Светиот Дух, цел живот тагува заради луѓето што не се спасуваат.
И пролева многу солзи за народот, и благодатта Божја му дава сила да ги љуби непријателите.
Ако немаш љубов, тогаш барем не ги напаѓај и не ги проколнувај. И тоа е веќе добро. Во оној кој проколнува и се кара, живее лошиот дух.
Тие биле послушни на Господовите заповеди: ,.љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добра на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“(Матеј 5, 44). И така, тие и со своите зборови и со своите дела Го пројавувале Христа Кој дејствувал во нив.
Денес, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а