логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„Возрасниот“ поглед на свештеникот кон детската исповед

Исповедта е најважната компонента на духовниот живот на секој христијанин: и возрасен и дете. Од која возраст да го носиме детето на исповед? Како можеме да му ја објасниме суштината на оваа Тајна? Како да го подготвиме за исповед? Што може да му помогне на малиот човек да ја надмине срамежливоста или дури и стравот? За ова разговараме со протоереј Артемиј Владимиров - свештеник на Алексеевскиот Ставропигијален женски манастир во Москва, предавач на Православниот хуманитарен универзитет Свети Тихон, автор на книги и брошури за прашањата на педагогијата и моралното богословие.

TViTer713

Оче Артемиј, што е исповедта? Што се случува со душата за време на исповедта?

-    Се верува дека исповедта најдобро се објаснува со зборот Таинство. Таинството е нешто што е скриено од надворешен поглед. Нешто што се случува во невидливиот свет. Нешто што ги надминува нашите човечки моќи и разбирање. Исповедта е средба со Оној кој ги зел на Себе гревовите на целото човештво. И ги простира рацете за да го пречека секој што, како слаб ученик, ќе ја признае својата вина пред својот родител. Во Светата Тајна Исповед, свештеникот е далеку од главно лице што го носи дејствието. Јас би го нарекол помошник, асистент на таа Небесна Светлина, на тој Хирург, Лекар и на телата и на душите, Спасителот Христос, Кој го врши сеисцелителното дејство како одговор на исповедта дека сме несовршени, грешни, дека сме погрешиле, многупати сме го прекршиле заветот на љубовта и многукратно сме грешеле. И како одговор на искрената исповед, на искрената желба да промениш нешто во твојот живот, да се промениш од полошо во подобро, Господ веднаш, преку свештеникот, ти ја дава Својата Божествена енергија. И во твоето срце го обновува дејството на благодатта, кое свети како искра дури и кога е затворено под превезот на гревовите. Затоа, секогаш треба да одиме на исповед како да е прв пат - а во исто време и последен. Да имаме разбирање дека Самиот Спасител преку Светиот Дух ја врши оваа неврохирургија и ги лекува и душата и телото - како награда за нашата вера во Неговата семоќност и добрина. Како награда за нашата вера во Неговата Црква.

На која возраст можеме да го однесеме детето на исповед?
-    Многумина се раководат од Уредбата на Управниот Синод. Во 19 век се препорачувало децата да одат на исповед од седумгодишна возраст. Но, времињата се менуваат. И луѓето се менуваат. Децата денес се развиваат порано отколку во царевите времиња. А можеби и затоа што гревовите се намножија на земјата. А невините 5-6-годишни деца веќе навистина се соочуваат со областа на гревот. Родителите тешко можат да ги заштитат очите и ушите на детето од елементите на овој свет. Затоа, сè зависи од желбата на самото дете. И за мене, како свештеник, очигледно е дека ако наидете на внимателен свештеник кој и самиот е родител, кој и самиот има искуство во разоткривање на сопствената совест, таквото пријателство помеѓу духовникот и детето, кое веќе не е мало, но е сепак дете, може да има корисни последици за момчето или девојчето. Затоа што овде детето доаѓа во допир со дејството на Божествената благодат.


Како правилно да го подготвиме детето за исповед, како да го насочиме?
-    За жал, тука дефинитивно им е тешко на современите родители. Тие страдаат од духовна гнилост. Немаат довлно ниту зборови ниту интелигенција за да ги подготват своите деца за исповед и причест. Патем, овде акцентот не треба да биде ставен на читањето на молитвеното правило. На ова поле, како и во една хомеопатска аптека, треба да има мало правило. Главната работа е вербално да се запознае детето со светот на свештените поимања. „Мишенка, нè заборави Кој ќе не чека утре во нашиот сакан храм? Со брадата, со добрите очи... И најважно е што Тој веќе помни што ти си Му исповедал минатата недела. Што мислиш, дали отецот ти ги простува гревовите или Оној што стои зад него – нашиот Спасител, распнат и воскреснат?“. Ете, со такви поттикнувачки прашања: „А што сакавме јас и ти да му кажеме на нашиот духовен отец? Миша, само немој да изумиш дека мора да се исповедаш  јасно и разбирливо. И да го споменеш прво тоа, кое те боли, тоа заради кое  јас и ти особено се срамиме. Пред некој ден сам си изел тегла од пет килограми џем од малини...“. На еден или друг начин, но секогаш со насмевка, топло, нежно и треперливо, мајката или кумот мора да комуницираат со детето.
А општиот методски клуч ни го дава праведниот отец Алексеј Мечев. Кога го прашале како треба да се однесуваме со човекот, како да пристапиме кон започнување на разговор со него, тој одговорил - уште на почетокот на дваесеттиот век - дека кон човекот треба да се однесуваме со почит, како цвет што штотуку процветал.

Прашањето не е само за децата, бидејќи понекогаш и возрасните се засрамени од фактот дека за време на исповедта некој може да ги слушне. Како да го надминеме таквиот страв и срам?
-    Исповедта навистина не е наменета за туѓи уши. И јас ќе се сложам со отците кои ја устројуваат така што лажното неспокојство и стеснетоста да не ја измачуваат душата. Отецот може да го повика исповедникот кај себе и да го сретне некаде на солејата кај иконостасот. Во аголот, каде што е создадена камерна, интимна атмосфера. Но, од друга страна, би препорачал да пристапуваме на исповед, повторувајќи ги во мислите зборовите: „Господи, и да ме осуди целиот свет, само Ти не ме осудувај“. Да се потсетиме дека во древната црква имало крштевање, јавна исповед, кога човекот, пристапувајќи до купелот за крштението, ги откривал пред целата јавност сите свои тајни и очигледни падови.
Меѓутоа, денес нашите луѓе се деликатни, полуинтелигентни, па  некој веројатно однапред ќе размисли што сака да му каже на старецот и систематски ќе го запише на лист хартија. А свештеникот со своите прашања дополнително ќе ги продлабочи овие исповедни признанија.
Дај Боже нашите отци да не се наглуви како мене и да прашуваат на таков начин за да ги слушне целиот храм: „Сине мој, зарем во пионерските години не крадеше краставици од јавната нива?“. Не секој може да поднесе таква селска едноставност. (Тој се насмевнува.)

TViTer714

Сепак, ако детето се плаши првпат да му пристапи на свештеникот за исповед, што да правиме?
-    Мислам дека би било добро однапред да разговараме со отецот, за да му посвети посебно внимание на ова мало зајаче, на кое ушите му се повлечени наназад и шепите се притиснати на градите од страв. Во реалноста, многу зависи и од свештеникот. Свештеникот мора да има  многу разбирање и да биде сочувствителен. Подражавајќи го Отецот Небесен, тој треба да го поздрави малото лице со насмевка и со љубов. Во многу зависи  дури и начинот на кој ќе ги постави прашањата. Има ли разлика во прашањата? Прва опција: „Ајде момче, ајде! Што имаш да ми кажеш? Зборувај побрзо!“. Втора опција: „Мило ми е што те гледам, Машенка. Што би сакал денес  да му откриеш на Господа? Што во нашиот живот не беше добро?". И децата задолжително  ќе го наградат, можеби, не свештеникот, туку нивните родители со желбата да се исповедаат тогаш, кога зраците на Божествената љубов ќе ги осветлат нивните срца преку устата и срцето на свештеникот.
Си спомнувам како малечките деца од предучилишна или училишна возраст понекогаш му ги разоткриваат срцата на свештеникот. Првоодделенецот стои - како лик од сликата на Поленов „Московска палата“: кружна фризура, руса глава. Му вели на отецот - тука не прераскажувам исповед, не велам: кој, каде, кога - ова е општ случај : „Вчера безмалку да го згазнам опашот на нашето маче“. Отецот ќе се зачуди и ќе помисли: „Не ја згазна, нели?“. Тука нема грев!“. Но, детето се исповеда дека за малку ќе предизвикало непријатност на четириножното милениче. Затоа, кажете му со сериозен тон: „Господ да ти прости,но внимавај“.

TViTer715


А сега ќе ви дадам уште еден пример. Гледам мало девојче како во испотената рака држи парче хартија за бришење на која се испишани неколку точки. Прва, втора, трета, четврта, петта... Зајчето оди да се исповеда. Ајде да го расклопиме листот. И го гледате гревот број 3: „Барам совршенство ( идеал )“. Девојчето ја ставило потрагата по идеал ( совршенство ) на листата на гревови. Ви доаѓа да си го зграпчите срцето: колку непозната, таинствена и прекрасна е човечката душа! Каде е овде гревот? Се разбира, не во тоа што девојчето се стреми кон совршенство: „Јас го помнам тој чудесен миг: пред мене се појави ти...“, туку во тоа што таа сè уште не го нашла во животот. Можеби погрешно ја избрала Пипи Долгиот Чорап за свој идеал. Или некоја Елочка човечкојадецот од “Дванаесетте столчиња”. Но, кој бара, наоѓа.Oвде свештеникот е соодветно да покаже на ликот на Владимирската икона и да каже: "Ова е совршенството!" Воплотена убавина, чистота и љубов“.


Со оглед на вашето пастирско искуство, колку сериозно децата ја сфаќаат својата прва исповед?
-    Децата се однесуваат кон првата исповед, мислам, многу посериозно одколку кон првиот училишен ден. Со бели престилки, со гладиоли во рака, со нова чанта, влегуваат во училишниот двор... Ги дочекува сосема непозната, таинствена атмосфера во животот. Првиот час, кога наставничката ќе напише со убав ракопис на црната или зелената табла: „Татковино, мајко“ – а сега може да се напише со големи букви: „Господи“...
Првата исповед е влез во Божествениот рај. Кога свештеникот - лик на Небесниот Отец - го пречекува саканото создание Господово и го воведува во прекрасниот и светлиот свет на Божествената Причест. И овде, ми се чини, пастирот мора трепетно да го чувствува Божјото присуство. Покрај Крстот и Евангелието стои Христос, подавајќи ги рацете кон Својот лик и подобие.
           Децата од 6-7 години, чии родители ги запазиле во добра состојба до оваа детска возраст, психолошки стануваат воздржани и исплашени. Пред тоа гревовите им ги признавале само на мама и баба. Сега што ќе каже отецот? Се сеќавам кога отидов на мојата прва исповед. Како на казна. Како Емелијан Пугачов, донесен на Црвениот плоштад. Во мислите си замислував што ќе каже отецот. И каква етикета ќе ми закачи откако ќе дознае каков сум навистина. Фала му на Бога што се најде отец- и до сега се молам за упокојување на неговата душа - кој со сочувство, наведнувајќи ја главата кон мене, ме праша: „Како се викаш? - „Тома“. - „Па, Артјомушка, кажи ми што ти е на ум?“. Ете, оттогаш си спомнувам на тој Артјомушка и се обидувам да го сокријам камшикот во наборите на расото, а да ги извадам колачињата, односно вербалниот, љубезен, ласкав пристап кон грешникот што се кае.

Колку често е возможно и потребно да се носи детето на исповед?

-    Постојат различни мислења за ова. На многумина од нашите парохијани денес им е позната брошурката што пред десет години што ја состави протоереј Владимир Воробјов, свештено лице со големо искуство во исповедта, во кое тој се сеќава дека во детството децата не се исповедале многу често. Од една страна, тоа беше советско време и не беше толку лесно за детето да влезе во храмот. Од друга страна, родителите претпочитаа овие минути на откровенија да не се толку чести. Затоа што и тоа станува досадно. Душата на неразумниот се навикнува на се. И многу е непријатно кога исповедта се претвора во некакво механичко набројување на гревовите, повторувано секој пат. Не станува збор за спиење или јадење повеќе отколку што треба. Но дека си земал туѓо без дозвола. Или дека пријателот си го нарекол со навредлив збор...

Затоа свештениците треба, по мое мислење, да разберат дека не треба детето формално  да го примат на исповед, туку да му дадат нешто - на пример, книга со духовна содржина што одговара на неговата возраст, и знаете ли, дури и овошје откинато од Рајската градина, за да ја запомни детето оваа минута и половина на комуникација. И свештеникот мора да гледа не со уморен, заматен поглед по 588 исповеди... Туку, како што веќе рековме, срдечно, со насмевка. Така што оваа средба да остави топла и светла трага во душата на детето.

TViTer716
Со протоереј Артеми Владимиров разговараше Никита Филатов
Извор: pravoslavie.ru/ bogonosci.bg
За Преминпортал  Симеон Стефковски

15ти декември 2022 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная