Дрвото на св. апостол Закхеј сѐ уште стои во Ерихон
Она што е интересно е што до ден денес смоквиното дрво на коешто се искачил Закхеј за да Го види Спасителот стои во Ерихон. Пред седум години дрвото било пред целосно уништување – нападнато од термити и со исушени гранки. Со помош на руски ботаничари,...






Oд рацe анeлски сe причeстувал и св. Oнуфриј, спoрeд нeгoвoтo сoпствeнo кажувањe, какo и мнoгу други oтшeлници и пустиници. Сoсeма e пoгрeшнo да сe мисли дeка oтшeлницитe и пустиницитe нe сe причeстувалe. Бoг, Кoј прoмислувал за нивната тeлeсна храна, нe ги oставил ни бeз живoтната храна oд тeлoтo и крвта на Христа Гoспoда.
Ги газеше овие патишта
Споменот за ова прекрасно чудо, преточен во сеноќното богослужение во чест на иконата „Достојно ест“, воспевајќи ја милоста на Мајката Божја што ни се излеа преку овој нејзин чудотворен образ, ги повика верните од сите страни на молитвен собор во Бигорската Обител.
Со молитва и дружба, послушанија и забава, помина и вториот летен камп по веронаука во нашите свештени обители Бигорски и Рајчица. Над триесетина дечиња, овој пат повеќето од Битола и Велес, имаа можност пет дена, преку разни активности и часови по веронаука, да учат за основите на спасителната Христова вера, но и да се исповедаат и причестат со светите Христови Тајни.
Така гoвoри Гoспoд, Сoздатeлoт на нeбoтo и на Зeмјата, прeку Свoјoт прoрoк. Кoј ја мрази Бoжјата Мудрoст, Гo мрази Бoга, а кoј Гo мрази Бoга, штo има другo oсвeн смрт? Нe e ли смрт сè штo e вoн Бoга? Сoнцeтo и ѕвeздитe, мoрињата и планинитe, живoтнитe и билкитe,штo e сeтo тoа oсвeн мртва прашина, вooбличeна и oживeана сo Бoжја сила, сo збoр Бoжји, сo Мудрoст Бoжја?
Но, на богослуженијата има и многу такви што за првпат влегле во црква, веќе возрасни, влегле само да запалат свеќа и да се помолат за нешто свое. Такви, за кои доаѓањето во црква не е поврзано со некоја внатрешна промена, кои продолжуваат да си го живеат вообичаениот живот, и само понекогаш, не многу често, доаѓаат во црква, се исповедаат, се причестуваат – но...
„Оче, згрешив… и… недостоен сум“ (Лк 15,21). Зошто? Зар сезнајниот Бог не го знае тоа, зар е можно нешто од Него да се сокрие? Не, таквото исповедање, таквото признавање е потребно за мене, грешникот, преку него го изразувам своето жалење и каење за стореното: од преполнето срце зборува устата. Исповедта е откривање на гревот, негово именување.
Во третата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на
Сите го знаеја Т. Џ. Припаѓаше секаде ама и никаде. Сите сметаа на него, но никој премногу. Со никого се немаше замерено. Имаше две деца Г. и З. Гледајќи ги како си играат низ дворот му светна идеја да тркнат до една од преспанските плажи. Не дека е времето за бањање туку така децата да си поиграат, а тој под сенка да си прочита некоја книга.
Митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф, дефинитивно е нетипичен владика. Ова го заклучувате откако ќе сврзете само два-три збора со него. Тој е најмладиот владика во Македонската православна црква-Охридска архиепископија и негува огромна љубов, грижа и посветеност кон децата што растат без родители, живот кој самиот го искусил, но го направил посилен.
Секако, Крстот во животот на Пресвета Богородица, како практика и созерцание, не бил ист како во животот на старозаветните праведници коишто имале удел во гревот. Крстот за нив била борба за надминување на гревот, додека кај непорочната, неосквернета Богородица Крстот бил возвишување од сила во сила, од слава во слава и од созерцание во созерцание.
Ние низ прсти го пропуштаме животот со неговите неповторливи денови, кои ни излегуваат во пресрет.
Но, нешто се случи пред триесет години, и речиси престанав да ги читам тие дела, зашто открив еден цел континент со друга литература – св. Јован Лествичник, св. Исак Сирин, св. Јован Златоуст, св. Игнатиј Брјанчанинов, св. Теофан Затворник… Нивните дела се толку грандиозни, што откако ќе се запознаете со нив, не ви е лесно да се вратите на бестселери. Од време на 

Мошти од Св. Климент Римски беа пронајдени од страна на вработените во фирмата за рециклирање на ѓубре Envirowest. Тие веднаш ги известиле надлежните општествени служби за ваквиот значаен пронајдок и ги повикале да спроведат експертиза и поставување на моштите на соодветно место, односно светилиште.
Деновиве во нашите две свештени Обители, Бигорската и Рајчичката, за огромна радост на најмладите од целата наша земја, започнаа летните кампови по Веронаука. Огромна радост, бидејќи децата со нетрпение чекаат да дојде периодот, во кој тие ќе можат низ наука, креативни активности и рекреација да се запознаат со основните постулати на православната христијанска вера.
Самиот сатана го направил хероинот во својата лабораторија! Најпрво нуди задоволства, лажни, кои човекот ги прифаќа, од себељубие и егоизам. Поривот да се земе дрога доаѓа од гордоста. Мислиш дека луѓето околу тебе не ја сфаќаат твојата величина.
Kој нема духовен учител, од почетокот секогаш има усрдност спрема постот, бдеењето, безмолвието, послушноста и спрема другите добродетели, а потоа неговата усрдност постепено истинува и, бидејќи нема никого, кој да го подучува, да го подржува и да ја разгорува неговата усрдност, - тој почнува да се суши, да паѓа и, најпосле, станува немоќен роб на своите непријатели, кои почнуваат да прават со него сѐ што сакаат.

























