логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 22.06.2018 лето Господово

Оче Тихон, кажете ни, како настана оваа книга? Како дојдовте на идеја да ја напишете и зошто?

Овие приказни честопати им ги раскажував на моите студенти, пријатели, на браќата во манастирот. Некои од оние на коишто им ги раскажував, ме замолија да ги запишам, и – бидејќи ме бидува за пишување – во одреден момент книгата го доби својот облик, и ми се виде како интересна. Знаете, јас навистина мислам дека секој писател се обраќа, пред сè, на одредени луѓе. И другиот важен, иако, малку себичен аспект, е дека тоа што го пишуваш [треба] и на тебе самиот ти е интересно. Значи, почувствував дека овие два елементи беа присутни. Работата траеше две години. Требаше текстот да го менувам единаесет пати, пред да почувствувам дека е спремен да се предаде на уредниците. Резутатот на сето тоа беше оваа книга.

Искрено, додека ја пишував, свесно си поставив задача на себеси – читателите да ги воведам во еден поинаков свет, населен од свои јунаци, свој простор и свое време. Си велев: „ако го постигнам ова – сè сум постигнал.“

И покрај оваа важна задача, повеќе пати имате кажано дека сте биле изненадени од „неочекуваните успех“ на оваа книга. Како го објаснувате феноменот на оваа книга меѓу пошироката читателска публика?

Тешко е да се процени. Бидејќи овие приказни не се мое творештво (јас само ги прераскажав и посведочив), во случајов се работи за животот што Христос го воспоставил пред две илјади години. Очигледно е дека книгата ја допре стварноста од духовниот живот на многу луѓе, дури и на оние кои се далеку од било каква религиозност и неделни црковни собирања. За мене беше исклучително важно и интересно тоа што голем број луѓе, во оваа книга ја пронајдоа својата судбина. На крајот од краиштата, како што рекол древниот писател Тертулијан: „Душата на секој човек е по природа христијанка“.

Книгава има свој живот: примивме десетици илјади пораки по пошта и преку интернет. На 5 октомври 2012 г. се одржа нејзината промоција [на англиски јазик] во Конгресната библиотека во Вашингтон; на есен ќе биде готов преводот на француски, во Грција излезе од печат второто издание, а книгата на шпански јазик е во подготовка. Во Русија, за една година, книгата е продадена во милион и сто илјади примероци, а како што ми пренесоа стручни лица, има четири милиони преземања на интернет.

Патем, зошто не постои легална копија на интернет?

Не сторивме ништо за да го спречиме слободниот пристап до електронската верзија.

Никогаш не би можела да преземам пиратска верзија од оваа книга. Многу интернет читатели ми имаат кажано дека, откако ја презеле книгата од пиратски сајтови и прочитале неколку поглавја од неа, пошле во книжара и купиле печатена верзија за да ја прочитаат до крај. Мора да призаете дека ова е единствена ваква ситуација за една современа книга.

Да, книгата живее еден сопствен живот, а јас дури и се дистанцирав од нејзината понатамошна судбина. Се случуваа навистина некакви неверојатни работи. Неодамна, отец Матеј Самокхин ми раскажа дека кај него дошла една жена која паднала во толку безизлезна ситуација, што одлучила да изврши самоубиство. Подготвила апчиња, но се двоумела. Нејзиниот поглед паднал врз книгата која неодамна ја добила како подарок: „Несвети а свети“. Во една тава критичка состојба седнала и започнала да чита; ја читала цела вечер, а утредента пошла во црква да се исповеда. Што може да биде поголема награда од ова за еден свештеник, писател, човек? Во ваквите случаеви сфаќате дека вие сте никој и ништо – дека вие сте само инструмент на Божјата промисла; сте направиле нешто што ни самите потполно не
го разбирате… И тогаш, одеднаш, започнувате да работите со многу повеќе сила, отколку што сте можеле да претпоставите.


Еднo сосем природно прашање од вашите читатели: дали ќе има продолжение?

Размислувам за тоа. Во последно време многу патував низ земјата, и најчесто се среќавав со студенти. Тие неретко со мене ги споделуваат нивните животни приказни. Така и дојдов на идеја да напишам втор дел од книгата, и да им понудам на луѓето да ги испратат нивните вистински приказни на нашиот веб сајт, pravoslavie.ru. Најдобрите би ги објавиле за дискусија, и оние, кои читателите би ги избрале за најдобри, ќе бидат објавени во книгата.

За мене, лично, ова е добра идеја – продолжение на книгата – но, за жал, јас едноставно немам време. Јас сум свештеник и манастирски игумен, ректор на богословијата, црковен човек со многубројни рутински обврски. Тоа е причината зошто оваа книга практично никогаш не се пишуваше на биро, туку „на колена“; во автомобил, во авион, на работни патувања, во хотели, во различни земји – од Јапонија до Грција.

Општо кажано, кога веќе ги спомнавте плановите, имав сон да направам филм, а не книга, дури направив и договор со една наша централна телевизија, да снимиме серија од осум епизоди, во која главни ликови би биле двајца луѓе. Едниот – руски светител – архиепископот Лука Воено-Јасенецки – професор, надарен лекар, кој за време на најлошиот прогон на Црква-та, во 1927 година станал свештеник, а подоцна и епископ. Бил [затворен] во логор, од каде бил привремено пуштен на слобода, за да работи како хирург. Живеел подвижнички, и ја примил првата Сталинска награда за книгата за пурулентна хирургија, која ја користеле неколку генерации од советските лекари. Другата личност – Сталин. Тоа се два, потполно раздвоени светови во Русија од тоа време.

Значи, прв пат во животот зедов одмор од еден месец, појдов во Грција, под Атос, и ги напишав сите основни моменти од сценариото, а потоа појдов до Солун; ја оставив торбата со компјутерот во автомобил, влегов во една продавница, и кога се вратив назад, видов дека прозорот од автомобилот е скршен, а торбата со лаптопот украдена.

Така што, за да го остварам овој сон, ќе мора да најдам барем еден месец слободно време.

Доста патувате, доста разговарате со младите. Какви прашања ви поставуваат студентите?

Од нашите разговори станува очигледно со кои важни прашања се соочуваат младите луѓе денес, а тоа значи и челото општество. Главниот проблем, покрај прашањето на верата, се меѓунационалните односи. Друг голем проблем е алкохолизмот, пијанството и наркоманијата. Дали се сеќавате, ние го спасивме народот на Северот, да не се убива себеси со алкохолот? Сега истото прашање треба да му се постави на рускиот народ. Зашто, ако државотворниот руски народ не покаже вистинска поддршка, руските провинции ќе продолжат да се упропастуваат со пиењето. Без лажење ќе кажам дека огромен дел од оваа сложена работа е изработен, но ретко кој знае за тоа. Постопеното усвојување на нови и разумно рестриктивни закони на младите им нуди една поздрава алтернатива.

Постои уште едно прашање, за кое веќе зборувавме: недостатокот на здрава и разумна хуманитарна политика. Нас нè убедуваат дека Западот нема идеологија. Простете, но што е со Холивуд, на пример? Зарем не е тоа идеолошка машина која „гради“ сè во Америка, дури и во сиот свет, во склад со своите одеолошки шаблони?


Вечното прашање – конфликтот меѓу татковци и синови – во нашиот век поприми нови обележја. Користењето на интернет, или компјутер, денес е и корисно, и опасно. Нашите читателки – мајки се загрижени поради зависноста на нивните деца од интернет, компјутерски игри и гаџети, и ви се обраќаат со прашањето што треба да направат, за нивните деца, тинејџери, да се чувствуваат добро, и тоа не само во виртуелниот свет, туку да станат вистински вредни луѓе во реалниот свет. Како да пронајдат рамнотежа?

Воспитувањето на деца е голем и секојдневен креативен процес. Тоа е тешка работа што ги очекува родителите и постојано, мудро внимание над децата. Многупати сум исповедал луѓе на смртна постела. Нивните исповеди не се за тоа дека не заработиле милион долари, дека не изградиле луксузен дом, или дека не биле успешни на работа. Луѓето во своите последни часови жалат што не направиле некое добро, што не ѝ помагале и не ја поддршале својата фамилија, пријатели, дури и случајните минувачи. Друга работа што ги мачи е дека на своите деца им посветувале малку време.

Потполно сум уверен дека родителите не го познаваат животот на своите деца. Снимивме филмови против злоупотребата на алкохолот и разговаравме со едни девојки кои учат во одлични училишта. Овие девојки пијат алкохол секојдневно – добро рекламирани енергетски коктели, пиво, и сè друго… Секојдневно! Според руското Одделение за потрошувачи, 30% од сите момчиња и 20% од сите девојки постари од 13 години конзумираат по едно алкохолно пиење дневно, секој ден, а нивните родители не знаат за ова. Знам и дека многу тинејџери на возраст од 13-14 години живеат како возрасни, и додека да наполнат 17 години, веќе имале по неколку „партнери“.

За жал, ваквите појави не се реткост. Но, јас не го знам нивниот точен број. Колкав процент од денешното поколение ќе создаде нормално семејство, кога голем број бракови во денешно време се распаѓаат по две години!? Значи, ако говориме за односот меѓу родители и деца, изгледа дека прво мора да говориме за едно постојано, секојдневно, но исто така и ненаметливо надгледување. Тоа е огромна задача.

Ајде да се вратиме на книгата. Знам дека приходите од нејзината продажба се користат за изградба на црква.

Да, во манастирот имаме црква. Но, таа не може да ги прими сите верници, па многумина мораат да стојат и да се молат среде улица, дури и зиме. Сретенскиот манастир се наоѓа на улицата Лубјанка, а знаеме што се случило таму во минатиот век. Ние сакаме да подигнеме црква која ќе биде посветена на руските новомаченици и исповедници во Лубјанка. Осветувањето на оваа црква ја планираме за февруари 2017 година. Сите средства од продажбата на книгата во Русија и странство се наменети за изградбата на овој храм.

Во манастирот имате печатница. Какви книги печатите?

Нашата издавачка куќа, пред сè, објавува религиозни книги. Објавуваме книги за древните подвижници, светите отци, историски, апологетски книги, голем број од класичната литература, како и учебници за нашите високообразовни институции. Овие учебници, исто така, се користат и во световните училишта.

Покрај ова, објавуваме и уметнични книги. Секоја година објавуваме околу 250 до 300 книги. Во суштина, ова е нашето главно послушание и истовремено, главен извор на приходи. Освен тоа, имаме и средно богословско училиште во кое околу 200 ученици учат 6 години, а ние ги издржуваме додека учат. Имаме и дом за деца во кој се наоѓаат 100 воспитаници кои доаѓаат од проблематични и дисфункционални семејства. Им пружаме финансиска поддршка, а со нив работаат професионални наставници и воспитувачи, како и свештеник. За работата на сајтот pravoslavie.ru, исто така, ни се потребни пари. Така што, би рекол дека нашата издавачка куќа ги покрива овие хуманитарни, образовни и финансиски потреби.

Епископ Тихон Шевкунов

Што вие сакате да читате?

Знаете, порано ги „голтав“ книгите. Моите омилени романи од Достоевски ги читав по двапати годишно. Ги сакав и големите дела на Лав Толстој, како и западните класици. И секако, Пушкин… Но, нешто се случи пред триесет години, и речиси престанав да ги читам тие дела, зашто открив еден цел континент со друга литература – св. Јован Лествичник, св. Исак Сирин, св. Јован Златоуст, св. Игнатиј Брјанчанинов, св. Теофан Затворник… Нивните дела се толку грандиозни, што откако ќе се запознаете со нив, не ви е лесно да се вратите на бестселери. Од време на време читам мемоари; не сакам научна фантастика. Да бидам искрен, се чувствувам малку оштетен дека не читам современа книжевност, но што да кажам. Сè се средува со текот на времето. Би требало да читате додека сте млади, и додека имате време – а и цел живот е пред вас.

Ви благодарам на интересниот разговор.

Извор: „Тавор“ бр. 6

Извор: Кумановско-осоговска епархија

 

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная