Митрополит Атанасиј Лимасолски: Ако имаш срце ќе се спасиш (II дел)
Според тоа, првото нешто што го придобиваме е црковното сознание – дека сме членови на Црквата и како такви го правиме она што го прави целото тело. Сите православни Христијани, во целата земја, на тој ден постат, значи постиме и ние, како членови на тоа тело. Не можеме да се двоиме од останатите, не можеме да ги правиме работите по свое, не може Божјиот народ да врви по еден пат, а ние да следиме друг. Црквата не е нешто неодредено, нешто апстрактно, туку тело од луѓе – или ѝ припаѓаш