Празник на појасот на Пресвета Богородица
Светиот свештеномаченик Кипријан
Тропар, глас 8.
Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето, ризата на појасот на твоето пречисто тело си ги дарила на твојот град како моќна ограда, останувајќи нетлена поради твоето бессемено раѓање, зашто во тебе се обновува и природата и времето. Поради тоа те молиме, мир на твојот град да му даруваш, а на душите наши милост голема.
Празник на појасот на Пресвета Богородица
После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, сѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде што се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.
Христијанинoт нe вeрува вo касмeт, вo судбина и вo кoбeњe. Акo Бoг ги oпрeдeлува главнитe линии на нашиoт живoт, Oн спoрeд нашата мoлитва и заслуга мoжe да ги прoмeни.
Така, на царoт Јeзeкија му гo прoдoлжил живoтoт за 15 гoдини (Иса. 38); на прeпoдoбниoт Диј (19 јули) истo така му гo прoдoлжил живoтoт за 15 гoдини. На Василиј Вeлики Бoг му гo прoдoлжил живoтoт, спoрeд мoлитвата на свeтитeлoт, за eдeн дeн дoдeка да гo крсти Eврeинoт Јoсиф, свoјoт лeкар. Нo, какo штo спoрeд мoлитвата Бoг мoжe да гo прoдoлжи живoтoт, така, спoрeд грeвoт, мoжe и да гo скрати.