Св. Јован Дамаскин - БЕСЕДА НА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
О, блажени и најнепорочни сопружници, Јоакиме и Ана! Станавте познати по плодот на вашите утроби, како што рекол Господ: ќе ги познаете по нивните плодови. Вие поживеавте живот угоден на Бога и достоен на Родената од вас. Живеејќи чисто и свето, ја родивте ризницата на девственоста – до раѓањето дева, во раѓањето Дева, и по раѓањето Дева; единствена Дева и Приснодева – единствена и по ум, и по душа и по тело, секогаш дејствувачка.






- Тоа се синовите на беззаконието, коишто верувале лицемерно, и од коишто не отстапило ниту едно лукавство; затоа тие и немаат спасение, зашто се непогодни за градење поради својата неправедност – нив ги раскршуваат и ги отфрлаат далеку, заради гневот Божји, зашто Го навредиле. А значењето на другите камења коишто ги виде како лежат наоколу и не бидуваат вградувани во здаднието, е следно. Оние, врз коишто се налепила мувла, се луѓе коишто ја спознале вистината, но не останале во неа и не се во општење со светиите
Знакот на крстот да се става на „царската диадема" на украси на војниците, на делови на телото, и тоа: на главата, на градите, на срцето, а исто така на жртвениците и на постелите. Ако е потребно да ги изгониме демоните, ние го употребуваме крстот, а исто така тој помага за исцеление на болести.
Господарот, кој ме одгледа, ме продаде на една жена од Рим, по име Рода. По многу години, ја сретнав повторно и ја засакав како сестра.
Пресвета Богородица, родена во Назарет, во благородно семејство чија благочестивост пред Бога се протега со поколенија наназад, е недостигнат монашки идеал и пример на богоподобие низ вековите на човечкото боготрагателство. Нејзиното раѓање е блескава точка во Божествениот План за спасението на човекот од ропството на страстите, од ѓаволот и од смртта: со векови Пророците на Стариот Завет низ Светиот Дух благовестеа за таинството на настаните во кои личниот живот
Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и криза. Денес, можеби како никогаш досега по Христа, е толку актуелна и потребна примената на призивот на Свети Јован за покајание. Од каде оваа ни малку наивна криза? Од тоа што луѓето не внимаваат со техниката, со мобилните телефони, со интернетот и социјалните мрежи.
Умствената молитва за мене е како за секој човек неговиот занает, бидејќи во неа се вложувам себеси повеќе од 36 години. Кога дојдов на Света Гора веднаш ги побарав пустиножителите што се подвизуваа во молитвата. Пред 40 години ги имаше многумина што имаа живот внатре во себе. Луѓе со добродетели! Старци! Од нив одбиравме старец и го имавме за патеводител. Значи, практиката на умствената молитва е да се присилуваш себеси да ја кажуваш молитвата гласно и непрекинато.
Пред да продолжиме со барање на доброто треба да спомнеме некои претпоставки. Доброто не треба да се бара како идеја, бидејќи не може да биде идеја. Тоа треба да биде ралност, зашто само како реалност може да има врска со човекот и со неговиот живот. Освен тоа доброто не треба да се бара надвор од светот или барем само надвор од него, зашто ако се наоѓаше само надвор од светот тоа ќе беше недостапно и бесполезно. Во тој случај светот нема да можеше да го почувствува и да го живее.
Годинава што тече е навистина многу голема – не по бројот на деновите во неа, туку по великите јубилеи што таа со себе ги носи. Во неа ја славиме илјадагодишнината од основањето на оваа Свештена Обител – јубилеј достоен за восхит, но годинава се исполнуваат и 50 години од раѓањето на нашиот Старец и Владика, како и 25 години негово монашко и свештеничко служење. Веќе 25 години како свештенослужител, тој ги принесува бескрвните Дарови на Нашиот Спасител, секојдневно молејќи се за нашите братство и сестринствата, но и за сите духовни чеда ширум нашата Татковина Македонија, и надвор од неа.


20.00 ч. – Проекција на документарен филм
Во недела, на 20.09.2020 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните,
Сакаме ние или не, страдања ни се испраќаат, зашто се спасителни. Бог го прави тоа од љубов кон нас, откако ќе не симне од широкиот пат и ќе не постави на тесниот и мачен пат. Луѓето во светот, исто така, носат маки, и тоа, уште потешки од нашите. Ние имаме грижа само за себеси и за својата душа, а тие се сврзани со брачни врски и имаат деца!... И така, увери се, дека причината за нашите маки се нашите страсти - главно гордоста, а по неа и другите, кои не мачат безмилосно.
Кога зборуваме за брак, ние, никогаш не смееме да го гледаме тоа како што го гледа светот односно бракот како институција, туку тоа е најтесната соборност која може да постои помеѓу луѓето, а единствено се бара да бидат од спротивен пол. Господ го благословил тоа заради поддршка на мажот и жената во пронаоѓање на нивните слабости, страсти и пороци, едноставно мажот и жената треба еден со друг да се надополнуваат во текот на целокупниот период од нивниот брак.
Познатиот романски антрополог Мирчеа Елиаде вели дека територијата што не е освоена е секогаш територија на други кои по дефиниција се варвари. Западот се држи до таа максима и ние сме варвари за нив овде на Балканот. Сега, со помош на глобализацијата, тие нè цивилизираат. Проблемот е како гледаме на нив од Балканот, и на нив гледаме
eстoпати сe случувалo Христoвитe мачeници, наврeдeни и исмeани пo судoвитe, oднeнадeж да направат нeкoe чудo штo влeвалo страв кај нeвeрницитe. Или идoлитe паѓалe, или грoмoви ги разурнувалe нeзнабoжeчкитe храмoви, или нeнадeeн дoжд гo гаснeл oгнoт пoдгoтвeн за нивнo спалувањe, или мачитeлитe самитe сeбe сe тeпалe сo камeња и сo стапoви и др. Така, Антипатр, мачитeлoт на св. Мирoн,

























