Божествена Литургија во Марков манастир (09.07.2017)
Изминативе неколку дена, манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица беше омилено место за прекрасна дружба помеѓу неколку деца од Кичево, Прилеп и Велес. Овој нивен богоугоден престој во нашиот манастир беше збогатен со многу различни активности, а тие не го криеја своето воодушевување од сè што видоа, научија и почувствуваа.
Интерпарламентарното Собрание на Православието (Δ.Σ.Ο.), сакајќи да го одбележи овој случаен, но толку симболичен настан на заедничко празнување, како и да допринеси во обидите за изнаоѓање начин на заедничко празнување на овој централен празник во христијанската хеортологија, одлучи да објави меѓународен конкурс од областа на иконографијата (icon painting competition), на тема: „ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО“.
Денес Елисавета го раѓа крајот на пророците и почетокот на апостолите, небесниот човек, гласот на Словото, воин и Христов Претеча, кој порано заигра (во утробата) поради ветувањето, и проповедаше пред раѓањето на Сонцето на правдата, и таа се радува; се чуди Захарија во староста, откако се ослободи од оковот на молчењето и, како татко на Гласот, јавно претскажува:
Во подвижниот храм „Покров на Пресвета Богородица“, сместен на ракетниот крстосувач „Москва“ при единиците на црноморската флота, клирикот на Свето-николаевскиот храм, Протоереј Павле отслужи Божествена Литургија во чест на Светите преподобни Онуфриј Велики и Павле Атонски. Службата ја збогатија со своето пеење предавачите на православниот Елисаветински детски дом на Марто-мариинската Обител
Митрополитот ги повика младите „да ги чуваат во своето срце зборовите на Светото Писмо: Бидете свети, како што е свет вашиот Отец Небесен, љубете Го Бога и ближните, трудете се кон искрена и огнена молитва, стекнувајте – според советот на Преп. Старец Серафим – дух смирен, и тоа ќе биде доволно за илјадници околу вас во овој свет да се спасат“.
Јазикот за чие што познавање денес добивате сертификат, несомнено е еден од најзначајните и најраспространетите јазици во светот. Неговата распространетост може да се илустрира само преку неколку факти: Денес во светот 170 милиони луѓе зборуваат руски јазик, околу 350 милиони, одлично го разбираат, а надвор од татковината (Русија) живеат повеќе од 30 милиони, на кои рускиот јазик им е мајчин.
Рускиот јазик е јазик на иднината. Бесплатните курсеви во Рускиот центар се уникатна можност за сите кои сакаат да допрат до духовното богатство и милениумската култура на Русија, да добијат важна конкурентна предност која секогаш ќе им биде корисна од професионален аспект,...дека посветеноста на УКИМ кон културата на други земји е гаранција за натамошно успешно зацврстување на неговиот меѓународен углед.
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска им додели сертификати на курсистите кои го положија завршниот испит во вториот турнус од бесплатниот курс за изучување руски јазик, во кој беа обучени 600 кандидати на основно, средно и на напредно ниво. Слушателите на курсевите имаа можност да добијат знаења од домашни, но и од руски предавачи.
На 03.07.2017 година, Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужија Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка .
Просветителот и оној кој на сите кои со вера ќе го повикаат им приоѓа на помош, преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, и оваа година беше прославен со молитви и големи почести. Неговите светли подвизи, надалеку прочуени, и оваа година привлекоа огромен број верни од цела Македонија, но и надвор од неа, кои дојдоа да му се помолат и поклонат на Црноризецот.
Свети Наум е и мудар духовен отец и учител, драги браќа и сестри бидејќи достојно го продолжил делото на свети Климент во Охрид.
И уште, свети Наум е и преподобен, оти посакал последните години од својот живот да ги помине во молитва, покајание и плач, за целосно исчистен да застане пред Оној,
На 03 јули 2017 година, денот во кој Македонската Православна Црква го прославува поменот на свети Наум Охридски Охридски, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена литургија во манастирот посветен на преподобниот Наум Охридски, во Радишани.
Кога ќе се најдеш во некоја темна соба, не ја удираш темнината за да ја избркаш. Не исчезнува така. Отвори го прозорецот и пушти ја светлината внатре; со други зборови, потчини ѝ се љубовта Христова, и тогаш темнината ќе исчезне без да се трудиш.
“Кoга нeкoј пoзнат чoвeк ќe ти вeти нeштo, ти би пoвeрувал на нeгoвoтo вeтувањe и нe би ни пoмислил дeка ќe тe измами oнoј кoј e пoстoјанo вeрeн на свoјoт збoр. Нo, глeдај вeрoлoмнику, тeбe ти збoрува самиoт Бoг и ти сo сoмнeвањe сe кoлeбаш! Бoг ти вeтил бeсмртнoст пo излeгувањeтo oд oвoј свeт, а ти дрскo сe сoмнeваш вo тoа вeтувањe?
Сконцентрираноста, нерасеаноста, задлабоченоста на умот во молитвата е најтесно поврзана со начинот на живот на светителот кој денес го празнуваме. Спротивно; расеаноста, површноста е еден од главните белези на денешниот начин на живот.
под раководство на неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски, г. Иларион Алфеев, се одржа одбрана на магистерски трудови. Меѓу останатите, магистерска дисертација на тема „Црковно-политичката ситуација на Балканот кон крајот на 12-ти и почетокот на 13-ти век“, успешно одбрани и дипломираниот теолог Александар Ѓорѓиевски од Велес, вработен во администрацијата на Повардарската епархија.
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу.
Личноста на почитуваниот Митрополит Павле, вечно ќе остане во сеќавање во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пред сѐ тој беше личен пријател и човек кој ја сакаше нашата Помесна Црква. Бил дури во посета на нашата библиска земја Македонија и во секоја прилика бил наша потпора на Австралискиот континент.
Бог, Света Троица, по молитвите на светиот, чие што име достојно го носевте, да Ви подари Царство Небесно, а на земјата споменот да Ти биде вечен.