логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

            Kарактеристика на непросветлениот ум е да се врзува за овоземни шеми за да си ја обезбеди својата овоземна сигурност, па дури и својата небесна иднина. Непросветлениот ум има потреба од сигурност за себе. Просветлениот ум молитвено и срдечно копнее да се спасат сите. Десеттемина лепрозни се одлична слика на денешното христијанство (види: Лука 17, 11–19).

            Десеттемина лепрозни Го молат Христос и бараат исцеление (очистување), а Он им вели: „Отидете и покажете им се на свештениците!” Христос на сите им го покажува патот на послушанието. Тие тргнуваат и одејќи, се очистуваат – ја очистуваат енергијата на својот ум. Арно ама, послушанието не е цел само по себе, ниту пак, само чистењето на енергијата на нашиот ум. Ја чистиме енергијата на својот ум во содејство со очистителната Божја благодат, но за да ги согледаме своите гревови, а не туѓите и да осудуваме. И, денес, мнозина би сакале да го имаат и дарот на умно-срдечната молитва, но не можат да го добијат. Но, затоа овој дар го гледаме кај Самарјанинот – икона на вистинскиот послушник – послушува и оди, му се случува очистување и на енергијата на умот и се враќа при Христос. Самарјанинот е во послушание сѐ до добивањето на дарот, но очигледно не и потоа – не продолжува да оди да им се покаже на свештениците, не продолжува по вообичаената црковна институционализација – како што му рече Христос, туку прво се враќа при Христос и Му благодари. И Богочовекот го оправда: „Како не се најдоа да се вратат и другите и да Му заблагодарат на Бог, туку само овој туѓинец?“ И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“ Со други зборови, немаш повеќе потреба и од духовно раководство затоа што го доби од Мене и дарот на умно-срдечната молитва.

            Гледате колку е тешко кога ќе се влезе во одредена шема и во одреден начин на размислување, како што биле навикнати тогашните Јудејци, кои само формално се држеле до Законот, исто како и сегашното свештенство (посебно епископите) на Православната Црква, обучено само во богословските школи, но не и од и во едната Литургија на Црквата и од личниот долгогодишен аскетски подвиг. Влегуваат во една шема, одреден начин на мислење и размислување, и веќе не знаат ниту дали постои друг начин на размислување и доживување на духовниот живот, ниту како да излезат од досегашната мисловна шема во која влегле, ниту знаат да им го покажат патот на другите. А за Самарјанинот од Евангелието е лесно да ја прифати Вистината, бидејќи не е влезен во никаква претходна мисловна шема. И гледате, целата Православна Црква е сѐ уште жива само поради луѓе што не се од таа мисловна шема – произлезена само од едукативниот процес, туку од луѓе воспитани и образовани во едната Литургија (Евхаристија) на Црквата и во личниот подвиг.

            Деветтемина лепрозни одат според некоја позната мисловна шема, по некоја навика – што е бесплодно, а Самарјанинот тргнува од вистинско, целосрдечно послушание. Христос му вели да оди кај свештениците и тој оди, иако е Самарјанин, т.е. нема врска ниту со старозаветните свештеници, ниту со нивната вера. Не оди по некаква однапред определена  мисловна шема, туку според патот што Христос му го покажува. А другите девет лепрозни одат по позната и вообичаена за нив мисловна шема. И одејќи по шема, иако им се случува нешто ново – сите го добиваат дарот на очистување на енергијата на умот, како ние денес, кога почнуваме да одиме во Црква, но никој не добива ништо повеќе од тоа. А целта што се промашува е Самиот Христос. Додека Самарјанинот, кој не беше роб на никаква мисловна шема и беше отворен кон новото, не продолжи да ја следи покажаната шема, туку се врати и прво Му се заблагодари на Богочовекот Христос. Направи нешто нормално – отиде и се заблагодари, нешто што секој нормален човек го прави.

            Повеќето од луѓето, на почетокот од духовниот живот, ја чистат енергијата на својот ум, но не профункционируваат, туку си продолжуваат по старо (со затворени срца за Бог и ближните, со стар начин на гревовно размислување), не преминуваат од противприроден во природен начин на живот. А вистинските послушници се очистуваат и профункционируваат, преминуваат во природен начин на живот – давање, и ја активираат или актуализираат (свети Григориј Синаит) благодатта на Крштението. Зошто им се случува ова? Бидејќи пред да го добијат дарот на умно-срдечната молитва, односно дарот на просветлување, ним некој во главата и во срцето им всадува одредена мисловна шема која, додека не се ослободат од неа, засекогаш ќе го блокира пристапот на нивниот ум до нивното срце.

            Покрај гревовните шеми на задоволување на своите страсти (посебно за човечка власт и слава), кои се лични гревовни шеми што ни ги всадува моделот на живот што овој свет ни го наметнува, во Православната Црква постојат и колективни несвесни гревовни шеми, односно ерес, што еден верник не смее да ги прифати. Главната мисловна шема што на верниците по црквите им се всадува во срцата е шемата на поистоветување со овоземните форми на човечко организирање, односно поистоветување со државата и нацијата, и нивните цели и интереси. На пример, кога еден верник ќе ја прифати таа мисловна шема, односно ерес, потоа лесно можеш да му всадиш и една уште полоша – духовно самоубиствена, на пример: дека МПЦ – ОА е расколничка организација. Прифаќањето на оваа мисловна шема во срцето конечно го блокира патот за умот, на оној што ја прифатил, да влезе во своето срце.

            Бидејќи свештенството на Православната Црква (чест на исклучоците) влегло во една овоземна шема од која не знае или не сака да излезе, затоа и црквите како институции влегле во шема на поистоветување со овоземните човечки форми на организирање и интереси – државата и нацијата, во шемата на т.н. канонски национални цркви надвор од евхаристискиот начин на живеење и размислување, односно во ерес на етнофилетизмот. И тие не може да излезат од таа мисловна шема. Ти му велиш: „Човеку, не се бориш на свој терен! Литургијата е твој терен! Зошто седнуваш и преговараш на обична маса!? Ти си повикан на друга маса – на заедница во Света Трпеза. Човеку, си ја промашил масата!“ Брате, точно е дека и таа маса е поставена во храмот, но за идиотска трговија и овоземни интереси, а знаеш што направи Христос со така поставените маси во Божјиот дом, домот на Неговиот Отец (види: Матеј 21, 12–13).

            Христијанството не требаше да се поврзува со никакви облици на општествено уредување од овој свет, односно да влегува во овоземни шеми. Единствено што треба е пастирски да се поврзе, но никако и суштински. Пастирски се поврзува колку да може да дејствува во овој свет – да постои, да евангелизира во одредена држава или нација каква што се формирала, но не и да се поистовети со нив. Канонските национални цркви што се поистоветуваат со овоземните форми на општествено организирање и кои тежнеат – исто како и нив, кон овоземна централизација на власта, се исто така, овоземна шема и ерес, но исто така, и одлична шема за доаѓање на антихристот. Таканаречените канонски цркви што функционираат како една од овоземните шеми се, исто така, и лоша основа преку која заблудените умови на нивните верници најчесто си ја прават својата сотириолошка – но многу демонска математика: дека само тие ќе се спасат, а цел свет ќе отиде во пеколот – посебно расколниците.

            Милите тие, што ли само си замислуваат дека прават кога застануваат пред Оној Кој ги рашири Своите раце за да ги прегрне и спаси сите луѓе и сѐ создадено? Дали несвесно уште Му ги држат рацете приковани така, раширени на Крстот, за да се обезбедат дека прегратката никогаш нема да се затвори и за нив?

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2096
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная