✤✣✤
Спасителот наш го започнал делото на нашето спасение со пост. И сите што одат по Него на оваа основа го зајакнуваат почетокот на својот подвиг; бидејќи постот е оружје подготвено од Бога. - И кој, ако го занемари ова оружје нема да биде прекорен? - Ако постел самиот Законодавец, тогаш како нема да пости кој и да е од оние што се должни да го пазат Законот? Затоа до постот човечкиот род не знаел за победа и ѓаволот никогаш не доживеал пораз од нашата природа; тој бил победен со силата на ова оружје. Нашиот Господ бил водач и првенец на оваа победа, за да го стави првиот победнички венец врз главата на нашата природа. И ѓаволот штом ќе го види ова оружје на некого од луѓето, веднаш овој противник и мачител, бива исплашуван, помислувајќи и спомнувајќи си за својот пораз во пустината од Спасителот, - и силата негова набргу бива победена и погледот на ова оружје, кое ни е дадено од нашиот Спасител - ќе го изгори. - Оној што е облечен во оружјето на постот во секое време бива распалуван со ревноста на постот. - Кој живее во него, умот негов е непоколеблив и готов да ги пречека и да ги одбие сите страсти.
Свети Исак Сирин
Подготви: Т.С.