Накај Богојавлението
„Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите…“ Јован не доаѓа овенчан со слава на голем и учен говорник, писател, научник. Тој доаѓа од пустината како човек во потполност посветен на Бога. И затоа луѓето повеќе му веруваат нему, отколку на учените, богатите и славните. А и тој не сведочи за себе.