Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во периодот од 22 - 24 јуни, Скопската православна епархија донираше околу 6000 шишиња вода за пиење, наменети за бегалците од Блискиот Исток, кои во потрага по подобар и мирен живот транзитираат низ нашата земја. Беа посетени три пункта, и тоа: Железничката станица во Гевгелија, Железничката станица „Табановце“, како и Центарот за азил во Визбегово, каде што во овој период е забележана најголема фреквенција на бегалци. Во оваа прилика се заблагодаруваме на Секторот за гранични работи при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, како и на компанијата „Горска“ за професионализмот и посветеноста со кои ја поддржаа оваа благородна акција на Скопската православна епархија.
Извор: Скопска епархија