Има уште нешто што им нанесува штета на децата. Тоа е претерано заштитничкиот став, односно претераната грижливост на родителите, нивната грижа и вознемиренист околу децата. Да ви раскажам за еден случај.
Една мајка ми се жалеше како нејзиното дете, детенце од пет години, не слуша.
Ѝ реков: - Ти си виновна.
Но, таа тоа никако не можеше да го сфати..
Еден ден отидовме заедно, таа мајка и јас со нејзиниот автомобил до морето, заради прошетка. Со неа беше и детето. Наскоро малечкиот се извлече од нејзините раце и потрча кон морето.
На брегот се издигаше и еден куп песок, а веднаш зад него, на другата страна, се простираше морето. Мајката се вознемири и веќе беше спремна да вика и да потрча, зашто го виде синчето како стои на врвот на оној куп со раширени раце, обидувајќи се да одржи рамнотежа.
Јас ја смирив. Ѝ советував да се сврти со грбот спрема детето, а самиот под око посматрав.
Кога малечкиот ја изгуби веќе надежта дека може да ја испровоцира мајка си, да ја исплаши и таа да почне да вика, како што вообичаено се случувало, полека и мирно се симна и се врати до нас.
Тоа беше сѐ. Така, мајката ја доби лекцијата за правилното воспитување на децата.
Една друга мајка ми се жалеше на својот единец како не сака да ги јаде сите јадења, а особено не сака кисело млеко. За неколку дена ќе се намачите и вие, родители.
Дали дојде време за јадење?
Ќе им дадеш на сите, секако и на Петар, кисело млеко. Тој нема да сака да го јаде. Вечерта, направи го истото, следниот ден, исто.
Е, после тоа, ќе огладне и малку ќе вкуси...
Ќе плаче, ќе вика, но вие стрпете се.
Потоа со задоволство ќе го јаде.
Така и се случило. Киселото млеко станало омилена храна на Петар.
Ова не се тешки работи. Па сепак, на многу мајки не им поаѓа од рака и тие потполно наопаку ги воспитуваат своите деца. Оние мајки, кои постојано бдеат над децата и вршат притисок врз нив или, со други зборови, претерано ги штитат, трпат неуспех во својот обид да ги воспитаат.
Всушност, детето треба да го оставиш само да се заинетресира за своето напредување. Тогаш ќе успееш. Кога силно бдееш над децата, тие се спротивставуваат и се бунат.
Стануваат млитави и млаки и обично не успеваат во животот. Постои еден вид на претерано заштитнички став, што децата ги осудува да останат незрели.
Пред неколку дена, ми дојде, сета очајна, една мајка, жалејќи се дека нејзиниот син трпи неуспех врз неуспех на приемните испити на универзитетот. Бил одличен ученик во основно училиште, па пак одличен во гимназија и во лицејот.
Но, гледај, потоа започнаа неуспесите, рамнодушноста на момчето кон учењето и воопшто, неговите чудни реакции.
- Ти си крива, - реков на мајката.
– А тука, уште си и образувана жена!
Што можеше твоето дете и да направи? Сите овие години го притискаше, притискаше, притискаше:
„Има да бидеш прв; немој да нѐ посрамиш, мораш да бидеш голем човек во општеството!
Тој сега се ослободил и не сака да чуе за ништо.
Престани да вршиш притисок врз него, претерано да го заштитуваш, па ќе видиш дека момчето постепено ќе се урамнотежи.
Ќе почне да напредува тогаш, кога ти ќе пуштиш да биде слободен.
Детето сака да има во својата близина
луѓекои топло се молат на Бога
Детето сака да има во своја близина луѓе кои топло му се молат на Бога. Не треба мајката да се задоволи само со тоа што со раката ќе го помилува своето дете, туку истовремено треба да му пружи милување и преку молитва.
Детето во длабочината на својата душа го чувствува духовното милување со кое зрачи личноста на неговата мајка и затоа таа го привлекува.
Детето чувствува безбедност и сигурност кога мајката тајно, но постојано, го прегрнува преку истрајната и топла молитва и така го ослободува од сѐ што го притиска.
Мајките умеат да се плашат и грижат, да советуваат и многу да зборуваат, но, не научиле да се молат.
Многу совети и упатства нанесуваат и многу зла. Не им упатувајте на децата многу зборови. Зборовите одѕвонуваат во ушите, а молитвата оди во срцето.
Потребна е молитва со вера, без немир и нервоза, но со добар пример.
Еден ден, дојде тука, во манастирот, извесна мајка, очајна заради синот по име Јоргос. Тој младич беше многу потиштен. Скитал по цела ноќ наоколу со лошо друштво. Неговата состојба се влошувала од ден на ден. Мајката очајувала и плачела.
Ѝ реков:
-Ништо не зборувај, ни збор! Само, моли се на Бога!
Се договоривме, секоја вечер од десет, до десет и петнаесет, заедно и истовремено да се молиме на Бога.
Ѝ реков ништо да не му зборува на синот, туку да го пушта да излегува во кое време и да сака. Исто така, да не го прашува во колку саат се вратил и на тоа слично, само да му каже – и тоа со многу љубов:
„Јади, Јорго мој!
Во фрижидерот ти оставивме јадење.“ Ништо друго да не му зборува.
Воопшто, ѝ советував спрема синот да се однесува со љубов, а притоа да не ја остава молитвата.
Мајката почна да го применува тоа што ѝ реков. Поминаа така дваесетина дена, за синот да ѝ рече:
-Мајко, зошто не разговараш со мене?
-Јорго мој, како не разговарам со тебе?
-Мајко, ти имаш нешто против мене. Не разговараш со мене.
-Многу чудни работи ми зборуваш, Јорго! Како не разговарам со тебе? Зарем сега не разговараме? Што сакаш да ти кажам?
Јоргос не одговори ништо.
Кога повторно дојде во манастирот, мајката ме запраша:
-Старче, што сакаше мојот син со тоа да ми каже?
- Нашиот метод успеа! - одговорив.
-Каков метод?
-Па тоа што ви реков ништо да не му зборувате, туку само скришно да се молите, па младичот ќе дојде при себе.
-Мислиш дека е тоа тоа?
-Тоа е тоа! – и велам јас . - Тој сака да му упатиш прекор, да го прашаш каде бил, што правел, а тој да почне да вика, да пркоси и да доаѓа уште подоцна.
-О, о! Какви сѐ тајни се кријат во човекот!
-Дали разбра? Тоа произлегува од оваа состојба.
Тој те измачуваше, зашто сакаше да го караш, за тој да ги изведува своите ќефови. Штом не го караш, нему му е жал.
Наместо да се ожалостуваш ти, додека тој ги изведува своите „вештини“, сега, кога ти престана да се жалостиш и кога покажуваш рамнодушност, сега се жалости тој.
Еден ден Јоргос им соопши на сите дома дека заминува. Ја напушта работата и заминува за Канада. И на својот газда веќе му рекол:
-Заминувам. Најди некој друго да ме замени на работа.
Јас, пак, во меѓувреме им реков на родителите:
-Ние ќе му се молиме на Бога за него.
-Но, тој е спремен! Јас ќе му дадам ќотек! - рече таткото.
-Немој, не го допирај! – му реков.
- Ама, тој заминува, старче!
Јас реков:
-Нека оди! Вие препуштете се на молитвата, а и јас заедно со вас.
По два-три дена осамна неделата. Рано утрото, Јоргос им соопштува на родителите:
- Јас заминувам! Одам на излет са пријателите.
- Добро, како сакаш – одговорија тие.
Тој отиде. Со него тргнаа и неговите пријатели, две девојки и двајца младичи. Изнајмија некој автомобил и тргнаа кон Халкидики.
Се возеле таму – ваму.
Потоа отишле до Свети Јован Руски, оттаму се упатиле во Мандули, Света Ана и натаму до Василика. Таму се капеле во водите на Егејското море, јаделе, пиеле, се веселеле.
Потоа тргнале назад. Веќе се стемнувало. Возел Јоргос.
На патот, некаде околу Света Ана, колата удрила во аголот од некоја куќа. Многу се оштетила. Што сега да прават?
Ја покренале некако и со мака ја довеле до Атина. Доцна во ноќта, подобро речено, рано утрото, стигнал дома.
Родителите ништо не му рекле. Тој легнал и заспал. Кога се разбудил и станал, тој рекол:
-Татко, се случи тоа и тоа. Сега треба да ја поправиме колата, а тоа ќе чини многу пари.
Таткото му одговори:
- Дете мое, ти знаеш. Јас имам и долгови, а морам да се грижам и за твоите сестри. Шта ќе биде со нас?
- Па што да правам, татко?
- Прави што сакаш! Возрасен си, мозок имаш, оди во Канада, заработи пари, па плати.
- Не можам - вели. - Морам веднаш да ја поправам колата.
- Не знам - одговори таткото. – Среди го тоа некако.
Значи, гледајќи како таткото реагира, тој замина. Дојде до својот газда. Му вели:
-Газда, настрадав така и така. Нема да заминам. Не земај друг.
Тој му рече:
-Добро, добро, дете мое.
-Да, ама ми требаат пари!
-Да, но, ти сакаш да си одиш. Најпрвин нека ми потпише твојот татко дека ќе ми ги врати парите доколку заминеш.
-Јас ќе потпишам. Мојот татко во тоа не се меша. Веќе ми го рече тоа. Јас ќе работам и сѐ ќе ти вратам.
Зарем ова не е чудо Божјо?
Кога мајката повторно дојде ѝ реков:
- Начинот со кој се послуживме успеа и Бог ја услиша нашата молитва. И онаа сообраќајна несреќа беше од Бог. Сега, вашиот син ќе остане дома и ќе се опамети.
Така и беше, благодарејќи на нашата молитва. Се случи чудо.
Родителите постеа, се молеа, молчеа и успеаја.
По некое време синот дојде во манастирот и ме побара, иако никој од неговите ништо не му зборувал за мене. Јоргос подоцна стана многу добар младич и сега е во авијацијата.
Стекна добро семејство.
Многу молитви, а малку зборови на децата
Сѐ се постигнува со молитва, со молчење и љубов. Дали разбравте какви се последиците од молитвата? Љубов во молитвата, љубов во Христос. Тоа е она што пружа вистинска корист.
Што повеќе ќе ги љубите децата со човечка љубов, - а таа е често патолошка, - тоа повеќе децата ќе се заплеткуваат и однесувањето ќе им биде негативно. Кога, меѓутоа, љубовта меѓу вас родителите и вашата родителска љубов кон децата ќе биде христијанска и света, тогаш никакви проблеми нема да имате.
Светоста на родителите ги спасува децата. А за тоа да се случи, потребно е најнапред божествената благодат да делува врз душите на родителите. Никој не се просветлува сам од себе. Самата Божја благодат потоа ќе ги просветли, ќе ги загрее и ќе ги оживотвори детските души.
Често луѓето ми телефонираат и од странство и ме прашуваат за своите деца, како и за други работи. Денес, ете, ме повика од Милано една мајка и ме праша како да се однесува кон своите деца. Ѝ го реков следното:
- Моли се, а кога ќе затреба, зборувај им на децата со љубов. Повеќе моли се, а ним упатувај им малку зборови.
И инаку е потребна многу молитва, а малку зборови во однос на сѐ. Не треба да им бидеме досадни на ближните, туку тајно да се молиме, а потоа со нив да разговараме.
Така, Бог, внатре во нашата душа, ќе ни потврди дали другите ги прифатиле нашите зборови. Ако не, нема понатаму да говориме, единствено, тајно ќе се молиме. Зашто, ако и понатаму зборуваме само ќе бидеме досадни и ќе предизвикаме реакција и отпор кај другите, а понекогаш и нивно негодување. Спрема тоа, подобро е преку тајна молита, тајно да им упатуваме збор на срцата на другите, отколку гласно во нивните уши.
Уште ѝ реков:
- Слушај што ќе ти кажам: моли се, па дури после зборувај. Така однесувај се спрема своите деца. Ако постојано им даваш совети, ќе им бидеш досадна, а кога ќе потпораснат, ќе имаат чувство дека на некој начин ги притискаш.
Подобро, значи, одбери ја молитвата. Зборувај им низ молитва.
Говори му на Бог, а Бог потоа ќе говори во нив. Со други зборови, не треба да ги советуваш своите деца само така, со помош на гласот, кој тие го слушаат со своите уши. Можеш и тоа да го правиш, ама, пред сѐ треба му зборуваш на Бог за своите деца.
Зборувај, отприлика, вака:
„Господе Исусе Христе, просветли ги дечињата мои! Јас Тебе Ти ги доверувам. Ти ми ги подари, а јас сум слаба, па не можам да ги доведам во ред. Затоа Те молам: просветли ги!“
Бог на свој начин ќе им говори, а децата, пак, ќе речат:
„Оф, не требаше да ја ожалостам мама со она што го направив!“
Тоа ќе произлегува од нив самите, преку благодатта Божја.
Тоа е совршен пат и начин. Мајката треба да Му зборува на Бог, а Бог ќе му зборува на детето.
Ако не биде така, тогаш, зборувај, зборувај, зборувај – и сѐ ќе влезе на едното уво, а ќе излезе на другото. И на крајот, ќе излезе некој облик на притисок. Во тој случај, детето кога ќе порасне, тоа почнува да пружа отпор, т.е. на некој начин ќе почне да се одмаздува на своите татко и мајка кои го притискале.
За разлика од тоа, едно е совршено – на детето да му зборува Христоликата љубов и светоста на таткото и мајката. Зрачењето на светоста, а не човечкиот напор, ги прави децата добри деца.
Кога ви се децата повредени и ранети заради некое сериозно прашање, не дозволувајте на вас да влијаат нивните реакции и грдите, лоши зборови. Тие, всушност, не сакаат така да се однесуваат, но, кога им е тешко, не можат поинаку да постапуваат. Подоцна се каат. Но, ако вие се изнервирате и налутите, ќе бидете едно со нечестивиот и тој ќе си поигрува со сите вас.
Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...