Рождество на Пресвета Богородица
Пресвета Богородица, родена во Назарет, во благородно семејство чија благочестивост пред Бога се протега со поколенија наназад, е недостигнат монашки идеал и пример на богоподобие низ вековите на човечкото боготрагателство. Нејзиното раѓање е блескава точка во Божествениот План за спасението на човекот од ропството на страстите, од ѓаволот и од смртта: со векови Пророците на Стариот Завет низ Светиот Дух благовестеа за таинството на настаните во кои личниот живот