Торжествено чествување на Свети Георгиј во Рајчица
„И секогаш и секаде ликот на св. Георгиј останува, пред сѐ како пример за непобедлив воин Христов: и во страдалничкиот подвиг – во духовната борба и во подвигот на одбраната во битките, тој навистина е великомаченик, а потоа и победоносец. Нему како од почеток и за навек да му било дарувано чудото на победата – како и не помалку чудесната способност да им ја носи победата на оние кои го почитуваат.