9-ти ноември 2017
Тивка ноемвриска ноќ. Добро, скоро тивка. Навикната на кратките договорки, тенките забрзани штикли, понекој мрсул навам-натам, вреќата отпадоци која ја влечат од Седмица накај контејнер, регуларно и среќно ги протегам рацете и ја гушкам Менка, тазе избањата. Менка, не јас. Таа преде, јас лесно потонувам во мирен сон.
Одеднаш ме буди звук од оние кои не ми се на листата за заспивање. Рндндндннннн... во бесконечност. Се присеќавам дека иститот звук го имам чуено (или слушано) и минатата и предминатата и ноќта пред тоа. Паркирано моторно воило, со вклучен мотор, се' со цел да се згрeат возачот и совозачот и кој и да уште внатре. Се вртам на студената страна на перницата, во надеж дека дечките се стоплиле доволно, завршиле со муабетот, испушиле што има да се пуши и кај и да е - ќе напуштат. Не бре, брате! Ова, трае. И трае. Повеќе од Орбит, повеќе од мигрена, повеќе од предпородилна болка.
Пацифистот во мене фаќа штура во непознат правец и јас станувам од кревет - „дресд ту кил“. Во пижамките на Тошо, горна убутана у долна, а долната до врат, чорапки, папучки (можно студено ружје), тргнувам да ја разрешам работава. По пат земав кесиче од Зегин, во него ставив тефтер и пенкало за зимање генералии, швајцаското ми ноже - од оние подебелките, чачкалици (не знам зашто ги земав - веројатно зошто беа на маса), натнав некоја јакна што ми се најде по пат, мудро заклучив врата и клучот го стаив у кесенцето и - тргнав!!!
Човече, јас да видев ваква нешто како мене у ретровизор, ќе се вангелосав. Или, барем, ќе ја помрднев колата некој метар. Не ме прашувајте што кола беше. Јас, од стокец навака, не разликувам коли. Не беше џип. Тоа го знам затоа што се наведнав за да тропнам на темниот прозор на возачкото место кој магично се отвори пред и да помислам да нешто да направам. Се отвори пар саниметри и од тој темен процеп се појави една стотка. Сто денари. Македонски.
Признавам дека во дадениот момент мојата влашка четвртинка ги победи сите други дропки и дека ја земав паричката. И постојав некое време да сфатам што се случува, а прозорот повторно се отвори - Ај, доста ти е! Неам ситно! Гитла!
Си отцупкав итро накај дома, ја затворив вратата зад себе и благословив што не ми свети сијалицата во ходникот. Онаа, пред огледалото. Си легнав назад до Менка и си реков - Маци, и на ова ќе навикнеме.
Бизнис ез јузжуал.
Избор: ФБ страна на Гордана Попсимонова