Свети Силуан Атонски: Љубовта секогаш има сила
И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.