Од муслиманка до иконописец: Интервју со Ала Мешчерова

Тоа беше празник, неискажливо чувство на рај и чудо, и тогаш долго време одев како зашеметена. На таа изложба доаѓав десетпати, токму поради иконите; да се гледа Шагал по трет или четврти пат би било незамисливо. Бев вчудоневидена од мајсторството со кое беа насликани иконите.







„Иконата го прикажува небесниот свет. Ние понекогаш забораваме дека зад оваа реченица стои љубовта Христова, дека ние го претставуваме скапоцениот свет на хармоничната Љубов кој не може да биде ниту тажен, ниту натажен, ни мрачен – сето тоа е човечка особина.









































