„Честито Рождество Христово!“-храм Рождетво на Пресвета Богородица, Скопје
„За да ја почувствуваме и ние моќта на денешната сепразнична благодат и реалното меѓу нас и во нас присуство на Емануил, што значи: „Со нас е Бог“, потребно е и ние, подобно на пастирите и мудреците, со смирение да ги преклониме нашите срца пред величието на безмерната Божја љубов и исто како и нив, да Му ги принесеме на Божественото Дете на дар, нашите злато, темјан и смирна: богатството на нашиот живот, мирисот на молитвата и благоуханието на љубовта и смирението.