Усепение на Пресвета Богородица, Лешок (28.09.2016)

На 28.08.2016 година, по повод манастирската слава „Успение на Пресвета Богородица “ во Лешочкиот манастир, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив. Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем:
Тогаш, како да се однесуваме кон празниците, особено кон неделата, како голем, а чест празник? Така што во недела ќе размислуваме за нашите пропусти и гревови, но и што ќе Му се радуваме на Богочовекот Христос Кого Го среќаваме на Светата Литургија, во Телото и Крва, но и во ликот на секој човек што ќе го сретнеме.



Егоизмот, зависта, неправедноста, лагата, богатењето и пред сè, непокајанието, односно нашето свесно и цврсто врзување за злото, творат крст на којшто ние самите себе се распнуваме, а Бог да не го сака тоа. Човечката злоба, во секој свој облик, претставува смрт и мрак. Со изборот на местото на разбојникот од левата страна, нашиот крст добива предвкус на пеколот.
Но, среде забрзаниот ритам и трилијардата планови зад кои доцниме, веруваме дека оваа листа со пет нешта ќе ни помогне на сите да бидеме поефективни, повосредоточени и пред сѐ, порадосни и посмирени. Од сите to-do листи, оваа е сепак поинаква: нејзиното сидро е фрлено во вечноста.

































