Божествена Литургија во Марков манастир, с. Маркова Сушица (20.09.2015)
Говореа како авва Јован Колов кога се упатил еднаш кај некој од тивејските старци во Скитот, останал во пустината. А аввата, кога го зел неговиот сув стап, го засадил и му рекол: „Полевај го секој ден дури не донесе плод.“ А водата била толку далеку од нив што одел навечер а се враќал наутро. И така, после три години, оживеал стапот и донел плод. А старецот, кога го зел неговиот плод, го однел в црква, и им рекол на браќата: „Земете, јадете од плодот на послушанието“.