Скопје, 9-ти септември 2015 год.- храм на св. пророк Илија на празникот на +Преподобен Пимен Велики; Преподобен Пимен Палестински; Светиот маченик Фануриј; Свети Осија, епископ Кордобски; Светиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник;
Во четрнаесеттата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на +Преподобен Пимен Велики; Преподобен Пимен Палестински; Светиот маченик Фануриј; Свети Осија, епископ Кордобски; Светиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник; во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
о. Василиј Гондикакис
Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек. Кој е единствената радост што ја озарува сета длабочина и ширина на човековото битие кон непрестајно обновување и обожение.
Преминпортал (к.т.)