Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков што би требало да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А ти отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа дека истото се случува кога одиш на Литургија.
Како да го избегнеме гревот или горчливиот вкус на смртта?
Грешејќи, ние се казнуваме самите себеси, бидејќи опитот на гревот – е опит на умирањето. Грешејќи, ние се оддаваме себеси во ропство на смртта, ја разрушуваме сопствената природа и внесуваме во неа раздор и распаѓање. Бог, како Отец, Кој нè љуби, за да нè запази од гревот, ни дава заповедите и правилата, кои ни го укажуваат правилниот пат на човечкиот живот – патот кој води не во бездната на смртната темнина, туку во светлото Царство на Вечниот Бог.