За секојдневните грижи – Старец Тадеј Витовнички (17.06.2015)
Ете гледате, душата нема манифест. Манифестот е самиот наш дух чија храна е гнев, а ние сме го продале срцето. Нè обзел гнев, пореметил сè однатре и сега управува со нас. Затоа секогаш треба да бидеме внимателни, да го чуваме својот внатрешен мир, да не го фрламе толку лесно, залудно. За секоја ситница се нервираме. Па и ако се случи нешто, некој поголем проблем, не мора да се нервираме. Да чекаме, да видиме како Господ тоа ќе го среди.