Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Отец Горан Стојчевски: Извадок од беседата „Формализмот во покајанието’’
„Господ го познава срцето на секој човек, кое ако љуби и ќе простува, ако љуби и ќе се покајува, ако тоа го чини непрестајно ќе ја потврди верата во која живее, а со надежта која му е поткрепа во Воскресението и љубовта која е само Христова особина, а ние нели треба да се уподобиме на Христа, преку молитвите на единствениот човечки пример, Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии кои немале време за формалности,